Милан и официјално продаден за 1,2 милијарди евра

Во Миланело е голема гужва денес. Милан доведе две нови засилувања на денот кога клубот и официјално прејде во раце на RedBird Capital и на сопствениците на американскиот бејзбол гигант Њујорк Јенкис.

Италијанскиот повеќекратен и актуелен првак Милан од денес добива нови газди. Заедно со фирмата RedBird Capital чиј сопственик е Американецот со италијанско потекло Гери Кардинале, акции купија и челниците на МЛБ гигантот Њујорк Јенкис.

Износот на целата зделка е 1,2 милијарди евра.

„Сакаме да го вратиме Милан каде што му е место, а тоа е врвот на светскиот фудбал. Имаме страшно големо иксуство во оваа работа и уверен сум дека на навивачите на Милан ќе им пружиме многу причини за среќа и задоволство“, рекол денес на претставувањето Гери Кардинале кој интересно вечерта на прославата на скудетото на Милан минатата сезона, слободно шетал меѓу тифозите на плоштадот Дуомо во Милано а ретко кој го познал во тој момент.

Милан го очекува прилив на свеж капитал и застанување цврсто на нозе, тврдат новите сопственици.

„Веќе 123 години фудбалскиот клуб Милан е синоним за победнички фудбал. Од основањето 1989 година, Милан има 19 титули во Серија А, 7 титули шампион на Европа, 7 пехари од Суперкуп на Италија, 5 пехари во Купот на Италија, 5 европски Скуперкуови, 3 интерконтинентални купови, два трофеи од Куп на Купови и Светско клупско првенство“, додал Кардинале.

Инвестицискиот фонд RedBird чиј основач е токму Гери Кардинале има акции во англиски Ливерпул како и во бејзбол клубот Бостон Ред Сокс. Притоа под своја закрила го има хокеарскиот гигант Питсбург Пингвинс од НХЛ, францускиот фудбалски клуб Тулуз, еден од поголемите пакистански крикет клубови и уште неколку медиумски куќи во САД и ширум светот.

Интересно, пристоен инвестициски удел во оваа компанија имаа НБА суперѕвездата Леброн Џејмс, како и познатиот рапер Дрејк.

Доаѓањето на новите сопственици се случи во ист ден со пристигнувањето на новите играчи.

Милан го засилија десниот бек Сержињо Дест кој доаѓа на едногодишна позајмица од Барселона и кој би требало веднаш да стане првотимец поради повредата на Флоренци (во аут два месеци), и талентираниот фудбалер од среден ред Астер Вранкс (19) кој доаѓа од германски Волфсбург исто на позајмица со право на откуп.

1 септември 2022 - 14:35