Лион има одличен старт на новата сезона и во моментов е главен конкурент на ПСЖ во Лига 1. После четири одиграни кола, Лион зад тимот на Меси-Нејмар-Мбапе заостанува само 3 бода. Но и во таква ситуација навивачите нашле причина за незадоволство.
Не им се допаѓаат зелените копачки кои ги носат повеќето играчи во екипата.
Во новата сезона зелени копачки во Лион носат носителите на играта: Мало Гисто, Антони Лопеш, Усем Оуар, Карл Токо-Екамби. А зелена боја е основна на најголемиот и најомразен ривал на Лион - Сент Етјен.
Поради тоа на мечот на Лион со Троа извадиле банер со натпис: „Почитувајте ја нашата традиција“ и знак забрането за зелена копачка.
Сент Етјен минатата сезона испадна во втора лига и сега игра во Лига 2, нема да имаат дуели со Лион, но навивачите не сакаат ништо да ги потсеќа на нив.
Во Франција, за разлика од многу други европски првенства долги децении немало дерби дуели па она меѓу Лион и Сент Етјен се смета за најжестоко ривалство. Двата града се 50 километри растојание, а и двата клуба се меѓу најтрофејните во Франција. Лион се смета за клуб на буржоаската класа, а Сент Етјен е симбол на работничката класа.
Сент Етјен има 10 шампионски титули (толку има само уште ПСЖ кои освојуваше највеќе по доаѓањето на катарскиот спонзор). Но од 2000-та Лион влезе во шампионска серија и имаше права хегемонија.
На времето кога легендата на Лион Сидни Гову облекол зелени копачки кои штотуку станаа модерни, тренерот Бернар Лакомб не издржал и му наредил да ги смени.
Во 2011-та година Бафетими Гомис, маестралниот шпиц на Лион стигнал дури и на разговор со управата зошто играл во зелени копачки а тоа го лутело претседателот Жан-Мишел Оља. Гомис инаку ја поминал академијата на Сент Етјен па навивачите не сакале да видат ништо зелено на него.
Некои фудбалери на Лион од актуелниот состав веќе прифатиле да играат во друга боја копачки а десниот бек Мало Гисто од адидас побарал да му направат копачки во традиционалните бои на Лион: бела, сина и црвена.