Во последните 11 години откако го назначија Диего Симеоне за тренер, Атлетико Мадрид има инвестирано 1 милијарда евра за играчи. Ама знаете ли колку има заработено од продажба? 960 милиони.
Што ќе рече, купуваат колку што продаваат и многу паметно ги израмнуваат сметките.
Со други зборови, просечната нето инвестиција за трансфери изминатава деценија им е во просек 5,5 милиони евра годишно.
Бројките не се официјални, бидејќи клубот не ги наведува деталите за договорите со другите клубови, пишува Goal.com.
Во првата сезона со Симеоне, Атлетико инвестирал 4,5 милиони за играчи, а продал во износ од 21,3 милиони.
Оваа сезона на самиот истек на преодниот рок, купувале за 18,5 милиони, а продале за 15,2.
Најголемите суми на релација купи/продај ги направиле 2019/2020, кога потрошиле 257, а земале 213 милиони евра.
Разликата тогаш ја направиле Жоао Феликс и Антоан Гризман. Португалскиот напаѓач го купиле за 127 милиони евра од Бенфика, а Французинот и го продале на Барселона за 111 милиони.
Една сезона претходно од каса излегле 158, а влегле 151 милион. Најскапо засилување за таа сезона 2018/2019 им бил Томас Лемар од Монако за 72 милиони евра, а Лукас Хернандез заминал за Баерн за 80.
Со оваа финансиска стратегија, Ел Чоло стана два пати првак на Шпанија, освои Копа дел Реј, Супер Куп на Шпанија и им донесе четири европски трофеи: 2 од Лига Европа и 2 од Супер Купот на Европа. Играа и две финалиња во ЛШ.