Марк Хјуз на 58 години има подобар прв прием на топка од многу фудбалери

Легендарниот Марк Хјуз има огромен тренерски стаж во Англија. Водеше еден куп екипи од Манчестер Сити, Фулам, КПР, до Саутемптон и сега Брадфорд Сити во англиската четврта лига. Синоќа во триумфот на неговиот тим од 3-1 над Шефилд Венздеј изведе и прием на топка каков што немаат ни најдобрите фудбалери.

Хјуз имаше сјајна кариера во ’80-те и ’90-те години. Права легенда е на Манчестер Јунајтед со повеќе од 300 настапи и повеќе од 150 гола. Настапуваше и за Барселона, Баерн Минхен, Челси, Саутемптон, Евертон и Блекбурн.

31 август 2022 - 09:36