Offside

Приказна од едно гостување на ултраси кои не сакаат камери, телефони, дресови, лајкови и фејвови...

Врвното градско дерби на Романија во втора лига

Заспаните гиганти не забораваат на ривалството па и во втора лига направија голема фешта.

Како Теодосиќ сам ги здроби Словенците и ја однесе Србија во финале

Европското првенство 2009-та, полуфинале меѓу Србија и Словенија. Драматичен двобој со продолженија на кој може да се види еден од најјаките репрезентативни перформанси на Милош Теодосиќ кој Пешиќ одлучи да го чкрте од овој Евробаскет. Постигна 32 поени од кои шест тројки. Во финишот игра немилосрдно.

Лудилото на Бока - Ривер по голот на Бенедето

Со голот на ветеранот Дарио Бенедето во 65’ минута, Бока Јуниорс го доби дербито со Ривер Плјет во аргентинската Примера Дивизион. Со овој триумф тимот од Ла Бомобнера е на 4. место со 32 бода после 18 кола, само два бода зад лидерот Атлетико Тукуман. Ривер е шести со 29 бода.

Фантастични соло мајстории на Родриго и Валверде

Актуелниот шампион на Шпанија има перфектен старт со 5 од 5 во Ла Лига. Синоќа ја декласираа Мајорка со 4:1, а за атракција се погрижија Родриго кој ја изора одбрана како нива, како и Валверде кој ги изненади гостите со трк од своја половина, а потоа ја испали неодбранливо.

Вриштењето на Спалети кон Елмас кое се слушна во пренос

Со голот на Распадори во 89-та минута, Наполи викендов ја совлада Специја со 1:0. Лучано Спалети конечно го стави Елмас во прв тим, а во еден момент се оштети од викање Елииииииииф.

Како тинејџерот Алкараз го збриша Руд во финалето на УС опен

По одличните настапи годинава во која го освои Мајами и успеа да ги победи Надал, Ѓоковиќ и Зверев, големата тениска надеж, на само 19 години стигна до првиот Гренд слем и се искачи на првото место на АТП.

Каква вечер за Италија: Одбојкарите станаа светски прваци против Полска среде Катовице

По трансот кој им го приредија кошаркарите на Италија кои направија сензација во осминафинале против Србија, Апенинскиот полуостров го обзема еуфорија и со светската шампионска титула на одбојкарите кои издоминираа против снажната Полска и тоа на нејзин терен.

Верувале или не, три меча од осминафинале на Европско завршија 94:86

Фасцинантен податок кој никогаш не се случил во нокаут фаза на едно Европско првенство.

Анонимниот јунак на Италија кој ја разби Србија

Малку кој очекуваше италијанската кошаркарска репрезентација да направи неверојатен подвиг, да се врати од -16 поени негатива и на крај да слави против фаворитот за злато со двајца МВП играчи во составот.

Голот на Милик е регуларен, ВАР го заборави Кандрева

Во 12 минутното судиско продолжение на мечот Јувентус - Салернитана најголемата драма се случи поради голот за 3:2, коj според тврдењата на Скај Спорт не требало да биде поништен.

Селекторот на Италија ги гушкаше Србите, Италијанците и на крај и Гркот Јанис

Италијанците направија сензација против Јокиќ и другарите и ја селиминираа Србија во осминафиналето на ЕП. Него како ли да ви ги опишеме емоциите и радоста на италијанскиот селектор Џанмарко Поцеко? Побудале човекот и на крај се измори од радување. Ако ве види и вас ќе ве гушне.

Судиското надополнување на Јуве од 12 минути лудило

Јувентус има слаб старт во Серија А со само 10 освоени бодови од можни 18. Синоќа одигра четврти нерешен натпревар и тоа против Салернитана од која губеше 0:2, а до бод стигна во 93-та минута. Финишот беше тешка драмолетка.

Надреална фудбалска сцена од 6 секунди

Само што помисливме дека Чичарито го достигна врвот, го победи еден краљ од пониските лиги. Со овој не може никој да се такмичи. Ја затвори рубриката во глумење на фудбал. Крај.

Царицата од УС Опен 2021 се врати во појака форма

УС Опен 2021 е минато. Режија сврти камера наваму да ви покаже дада во каква кондиција е сега.

ЕП во кошарка: Чудно судење

Една од последиците на конфликтот меѓу Светската кошаркарска федерација и Здружението на европските кошаркарски лиги е судењето под секој критериум на Европското првенство во кошарка. Во позадина е борбата за моќ и контрола на протокот на пари што и штети на кошарката.

Навивачите на Фенербахче се извадија за провокациитe пред гостите од Киев

Кога на крајот од јули Динамо Киев гостуваше во Истанбул во квалификациите за ЛШ, домаќините провоцираа со скандирања за Путин. Но на синоќешниот меч од ЛЕ им дојде памет и сфатија дека нема зошто да мешаат фудбал со болни теми за гостите. Напротив, навивачите победија на трибина, исто како и нивниот тим кој славеше 2:1 со гол во 92-ра минута. Алиоски беше стартер.

Кога им запнуваш на Јокиќ и другарите за изјава, ама во глупо време

Микс зоната е обележано место само за новинари и играчи, без разлика дали се работи за фудбал, кошарка или некој трет спорт. Обично играчите секогаш застануваат да им учинат на новинарите, ама после натпревар, а не пред кога треба да се загреваат и концентрираат на играта. Ова е пред вчерашниот дуел против Полска кој го добија со 17 поени разлика.

Пацерот на годината ни доаѓа од Хондурас

Мечот меѓу Олимпија од Хондурас и Диријанжен од Никарагва во рамките на четвртфиналето од Конкакаф лигата, ни го носи промашување на годината. Па ова со кук да пробаше ќе го дадеше.

Африканците од Црвена Звезда се срчкаа меѓу себе на полувреме

Црвена Звезда со пораз дома од Монако од 0:1 ги стартуваше натпреварите од групната фаза во ЛЕ. На полувреме камерија уловија тензија и турканици меѓу Канга и Букари, кои потоа се смириле.

Словенците го нишаа автобусот од славење

Со 4 победи и 1 пораз, Словенците завршија први во групата Б, а по триумфот над Франција се зезаа на нивна сметка и пееја познат српски хит.

Ѕверско забивање на Јанис кој ги исповитка обрачите против Естонија

„Тhe Greek Freak“ и беше потребен на Грција само 20 минути на средбата против Естонија (90:69), а одговори со 25 поени, 5 скока и 4 асистенции. Грците ја завршија групата со 5 од 5, а во осминафинале ќе играат против Чешка.

Богдановиќ намерно промаши слободно фрлање за Хрватска да не вкрсти со Србија?

На 27 секунди до крај при водство од +7 против Украина, на линијата за слободни фрлања застана Бојан Богдановиќ. Математиката на Хрватите беше дека ако победат со најмалку 8 поени разлика, ќе завршат втори во група и ќе влезат во костурот со Србија. Односно прво би играле против Словенија, па после евентуално со Србија или Франција. Но очигледно според остриот начин на шутирање, намерно ја избегнаа таа комбинација и завршија трети.

Дивјачко однесување во Ница, редар удираше навивач со шипка налик коњопој

Навивачите на Ница и Келн не отидоа синоќа на стадион за да ги бодрат своите екипи, туку да водат војна. Еден навивач е избоден со нож, а друг паднал од трибини.

Навивачите на Вест Хем ја згрмија англиската химна во чест на Кралицата Елизабета

Вест Хем со пресврт и триумф од 3:1 над Стеауа Букурешт ја отвори европската сезона во Конференциската лига. Навивачите на свој начин и оддадоа почит на Кралицата Елизабета која почина синоќа на 96 години.