Како тинејџерот Алкараз го збриша Руд во финалето на УС опен

По одличните настапи годинава во која го освои Мајами и успеа да ги победи Надал, Ѓоковиќ и Зверев, големата тениска надеж, на само 19 години стигна до првиот Гренд слем и се искачи на првото место на АТП.

Шпанецот Карлос Алкараз годинава е сензацијата во светот на тенисот, но и атракција. Се работи за млада свежа крв и полн со талент и енергија кој допрва се очекува да гризе на најголемите турнири.

И покрај тоа што одигра три меча по ред со по 5 сета, Алкараз имаше сили и за финалето против 23 годишниот Каспер Руд од Норвешка кој го победи со 3:1.

Историјата вели дека такво нешто на УС опен последен пат се случило пред 30 години.

Алкараз стана и првиот најмлад освојувач на отвореното првенство во Њујорк во последните 32 години. Претходно тоа бил Пит Сампрас во 1990-та.

Со овој триумф, тој успеа да стане и најмлад светски рекет број 1 во историјата со 19 години и 4 месеци.

Досегашниот рекордер го држеше Лејтон Хјуит од Австралија кој во 2001-ва, се искачил на тронот на 20 години и 9 месеци.

Уживајте во најјаките моменти од финалето.

 
12 септември 2022 - 10:53