Ситуацијата со Стеауа Букурешт која пред неколку години доживеа колапс па од целиот хаос и стечај настанаа два клуба е многу тешка за разбирање. Генерално најверните навивачки групи на старата и според нив, права Стеауа Букурешт која игра во втора лига, немаат ништо со прволигашката FCSB за која други сметаат дека е прав наследник на трофеите и славата.
Во саботата вечер во втората романска лига играа заспаните гиганти Динамо Букурешт и Стеауа Букурешт. Пред полни трибини и со жестока атмосфера, славеа гостите 1-2.
Ова дерби во 6. коло на романската втора лига остана во сенка на голем број инциденти пред и после мечот. Ривалитетот меѓу двата клуба е огромен а навивачите продолжуваат по свое без разлика што и Динамо Букурешт и Стеауа се далеку од елитен европски фудбал.
Dinamo - Steaua, Romanian 2nd tier. pic.twitter.com/OZizQUuSot
— Emanuel Roşu (@Emishor) September 9, 2022
Shadows 2008 Steaua Bucharest corteo.
— 𝕊𝕋𝔸ℕ𝔻 𝕐𝕆𝕌ℝ 𝔾ℝ𝕆𝕌ℕ𝔻 👊 (@Ultramaniatics) September 10, 2022
🎥 https://t.co/zmkMIRZdOr pic.twitter.com/qQ9Cxv1FhS