Offside

Сомбреро е најпрепознатливиот симбол на Мексико и задолжителен атрибут на неговите навивачи на сите Светски првенства. Така ќе биде и на овој Мундијал, трет во историјата во оваа земја.

Македонија сонува прво Светско, Португалија во лов на осми настап на Мундијал

Со почетокот на новиот Милениум започнува златна ера на португалскиот фудбал кој од тогаш нема пропуштено ниедно големо натпреварување. Од друга страна, нам никој нема право да ни го одземе сонот и верба дека ќе ни се оствари. Светско првенство 2022.

Манчини го прими Златниот тапир за елиминацијата од Македонија

Репортер од шоуто „Striscia La Notizia“ отиде во посета во Коверчано, базата на италијанската фудбалска репрезентација која се спрема за мечот со Турција. И покрај ужасот кој им се случи, Роберто Манчини топло ги прими.

Да видиш Перу како го бодрат за пласман на Светско

Пред последното коло од квалификациите за Светско во Јужна Америка, сигурна карта за Мундијал обезбедија Бразил, Аргентина, Еквадор и Уругвај. За 5. место кое води во прилично лесниот интерконтинентален бараж (против ОАЕ или Нов Зеланд) се борат Перу (21 бод), Колумбија (20 бода) и Чиле (19 бода). Перуанците се во најдобра позиција зошто дома го чекаат Парагвај и со победа обезбедуваат плејоф.

Дарко и Дарко, за Македонија од Америка до Порто

Формулата е едноставна: 4 дена - 4 лета, двајца луди Македонци од Чикаго и Мајами, до Португалија со срце за Македонија.

Столе доби мурал во родно Куманово

Стандардниот голман на македонската репрезентација, Столе Димитриевски беше еден од главните јунаци на историските триумфи годиниве. Првин се исправи како див пред налетите на Германците, а сега несовладлив беше и за европскиот шампион Италија и тоа на гости. Столе Димитриевски заслужено доби мурал во Куманово.

Роналдо даде изјава за Македонија

Петкратниот владетел на наградата Златна топка за најдобар играч на цел свет, Кристијано Роналдо делува смирено во пресрет на финалниот меч од баражот за пласман на Светско со Македонија и апелира до соиграчите дека не смеат да го потценат ривалот.

Махер на колото кој типуваше на Македонија и фати 524.000 денари

Убави патриотски тикети добивме во сандаче. Еден ја фатил точен резултат, а друг ја врзал со други и се опарил поштено.

Што ја чека сега Македонија?

Ако во Палермо пред 30 и кусур илјади гледачи на моменти атмосферата беше заглушувачки бучна, каква ли ќе биде на 50.000 капацитетниот „Драгао“ во Порто? Нашите играчи покажаа дека можат да се носат со секаков притисок. Сега е последниот чекор пред остварување на сонот.

Бесот на Италијанците ќе го сфатите кога ќе им ја ѕирнете соблекувалната

Да, точно е, има луѓе кои се платени да ја одржуваат, ама ова е далеку од италијански стил на однесување. Свињарник оставиле.

Најјаката коментаторска компилација со Трајковски на 17 јазици

Нека стои и нека се врти. Ова е врвно задоволство кое не здосадува. Сите урлаат.

Никола, а на Светско за кој ќе навиваш, пак за Италија?

Фудбалерот на Јувентус У-23, Никола Секулов го носеше дресот на Македонија У-17, ама очигледно Македонија не му е баш во срцето и покрај тоа што е Македонец и по мајка и по татко. 

Формула 1 се возеше додека паѓаа гранати и се води војна во близина па никому ништо

Изминатиот викенд се возеше трката за Големата награда на Саудиска Арабија, трка која што од претпоследниот слот од календарот беше префрлена на вториот па затоа паузата меѓу двете трки во оваа земја беше кратка.

Канада се пласираше на Светско првенство првпат после 1986-та, а пред 4 години беа на дното

Квалификациите за Мундијалот 2022 во Катар се ближат до самиот крај. Веќе се познати 20 од 32 учесници на Светското.

Португалците добија засилување, Роналдо го поздрави ветеранот

Португалците ги консолидираат редовите по тешката битка со Турција а пред дуелот со Македонија во вторник вечер. По отсуството од мечот со Турција во составот им се враќаат Пепе, Ренато Санчез и Жоао Кансело, сите тројца стандардни првотимци во Португалија.

Да го чуеме Лучано Моџи што рече за Македонија во 91-ва минута

Кумот на фудбалската мафија во Италија за кој Златан изјави дека зрачи со моќ, имаше одлична контрола врз судиите додека беше директор на Јуве. Ама ова не е Серија А, туку МАКЕДОНИЈА, зборот кој пустиот Лучано, гадно се заеба што го замени со друг. Само неколку секунди подоцна, прц. Водителката се криеше.

Комити со кола вратиле Чкембар во Битола

Иако насловот изгледа како да е дел од хумор и сатира, сепак се работи за навивачки кодекс кој постои и меѓу најголемите ривали.

Јуначки кам бек на Ериксен за репрезентација со гол од прекрасна акција

287 дена по за малку кобниот ден на Европскио првенство, Кристијан Ериксен заигра за Данска и веднаш даде гол. 109 настапи, 37 погодоци за националниот тим. Поубаво враќање не можеше да посака.

Рикардо ги откри скоро сите македонски клубови

Од 60 милиони Италијанци, меѓу кои веруваме голем дел потиштени и попарени од новиот, втор по ред мундијалски дебакл, ова е сигурно единствениот деновиве кој се занимавал со ваква ствар.

Фабио Капело се криеше од македонските навивачи во парфимерија

На заминување од незаборавното и најмераклиско одење во Италија, на аеродромот на Милано пред полетување го начекавме Фабио Капело. Славен стратег на Милан, Јуве, Рома и Реал Мадрид, како и селектор на Англија и Русија. Удостои група на македонски навивачи со фотографија, ама потоа му се редеа и други еден по еден, па му се смачи и се бутна во парфимерија.

Аудио честитка на Ѓоковиќ за Македонија

Со посредство на менаџерот Никола Томиќ, кој е добар пријател на тенискиот ас, да чуеме што има да каже Ноле за успехот на Македонија во Палермо.

Корејски коментатор урлаше на голот на Македонија

Од Австралија преку Америка до Азија, коментаторите кои го работеа мечот Италија - Македонија вриштеа по сензационалниот гол на Александар Трајковски. Хит број 1 е Кореецот.

Го снимивме Манчини како влегува на прес, попарен беше

Славниот италијански стратег кој само како тренер има 14 трофеи, цупкаше во место неколку секунди, а потоа се појави во прес салата по мечот со Македонија. Крв немаше во себе, а потиштен беше и првиот човек на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, кој седна до него.