Шмекот на италијанска втора лига

Хајлајтс, најубави голови од 5-то коло на италијанската Серија Б. Имаат преубав шмек екипите, стадионите, автентичноста.

Во моментов после 5 кола прва е замислете Реџина, некогашниот прволигаш кој повеќе од една деценија тавореше во пониските лиги. Втора е Бреша со 12 бода а трет Каљари со 10.

Во Серија Б сезонава се уште и екипи чии градови, стадиони и тифози заслужуваат прволигашки статус: Бари, Џенова, Палермо, Парма, Венеција, Перуџа, Модена...

13 септември 2022 - 10:44