
Англиската фудбалска асоцијација (FA) одлучи, во договор со властите, да го одложи редовното коло изминатиот викенд така што фудбал на Островот не се играше поради почест за починатата кралица.
Меклин пред мечот меѓу Хадерсфилд и неговиот тим Виган во англиската втора лига Чемпионшип одбил да стои гушнат со соиграчите за време на едноминутниот молк во пресрет на мечот и на тој начин го навлекол гневот на англиските медиуми но од друга страна заработил вечна почит од своите Ирци.
Меклин, заедно со Немања Матиќ во изминатите сезони одбиваше да го носи цветот на мак како симбол во чест на страдање на британските војници за време на историските војни.
Одличниот ирски крилен напаѓач во 2015-та свртел грб за време на интонирање на британската химна пред меч на ВБА.
А навивачите на ирскиот клуб Шамрок Роверс кој летово гостуваше и во Скопје во рамки од квалификации за еврокуп, пред неколку дена на натпревар од Лига Конфереции против шведски Дјургарден пееле непристојна песна на сметка на кралицата со скандирање Lizzy's in a box.