Неверојатни ножички за еврогол во полска лига

Во 9. коло од полската Екстракласа, Јагелонија со 4-0 го доби Стал. По два гола дадоа Хесус Имаз и Марк Гуал а првиот постигна неверојатен погодок со ножички. Гол на месецот во Полска.

Имаз е 31-годишен Шпанец кој во татковината играл за малку познатите Леида, Јагостера, Мурсиа и Кадиз. Во 2017-та доаѓа во Висла Краков од каде во 2019-та се сели во Јагелонија. Права легенда е на овој клуб со 44 гола на 99 меча.

13 септември 2022 - 10:18