Offside

Приказна од едно гостување на ултраси кои не сакаат камери, телефони, дресови, лајкови и фејвови...

Пандев: „ФФМ е станата приватна фудбалска федерација“

Најдобриот македонски фудбалер во историјата, Горан Пандев пред неколку дена и официјално објави дека заминува во играчка пензија и дека времето пред него ќе покаже по кој пат ќе тргне во иднина, дали како раководно лице, дали како фудбалски менаџер.

Шпаркасе Банка и Гранит одиграа по едно одлично полувреме за реми

Макпетрол го декласираше Интертек со 12:0 во четвртиот ден од 2. коло во Бизнис лигата на Македонија, ЈП Дрисла славеше против Сава Осигурување.

56-годишната верна сенка на рекордерот Кипчоге кој победува со него

Во неделата на 25-ти септември легендарниот Елиуд Кипчоге по рекорден петти пат по ред победи на фамозниот Берлински маратон и постави нов светски рекорд. Додека целиот свет беше фокусиран на големиот шампион, ретко кој помислува на дискретниот херој кој е еднакво заслужен за светските рекорди.

Стеф Кари и Клеј Томпсон ќе се пробале со сумо борач

Актуелниот НБА шампион Голден Стејт Вориорс во Јапонија се подготвува за стартот на новата сезона. Таму воините ќе одиграат две пријателски против Вашингтон Визардс. Посетата на Јапонија е и запознавање со локалната култура, традиција и обичаи па така најдобрите играчи на Вориорс, Стеф Кари и Клеј Томпсон се пробаа со еден сумо борач. Не можеа да го помрднат од место.

Тенисери прво си подадоа рака на мрежа, а потоа ги двоеше судијата

Чудно и нетипично да видиме физички контакт во тенис. Се случи на АТП турнир во Франција меѓу домаќинот Корентин Муте и Бугаринот Адријан Андреев. Бугарскиот тенисер го доби мечот со пресврт, а на крај за да не биде големата мораше да се вмеша и судијата.

Јунус од каде ја извади левицава?

Погледнете какво голчиште падна во Куп натпревар во Турција и тоа меѓу четвртлигаши. Како ли успеа толку прецизно да го погоди ќошот на аголот и потоа таков необичен пад да фати топката? Еднаш во кариера се дава ова.

Трите одбранети пенали на Митревски против Дибиров и Чупиќ

И покрај тоа што на 3 октомври полни 37 години, Никола Митревски продолжува да брани во врвна форма веќе трета сезона во дресот на Порто. Погледнете како им ги ловеше пеналите на двајцата поранешни вардарци на мечот против Загреб во ЛШ.

Италијанец го имитираше Роналдо, па заврши на ренген

Маалската будалаштина се случува во градот Козенца во јужна Италија, траума која на крај мораше достојно да се излечи.

Koј е Шешко, детето по кое урлаше словенечкиот коментатор?

Го споредуваат со Халанд, бидејќи имаат слична конституција, координација, инстинкт и сличен пат и велат дека веќе излегол од неговата сенка. 

Студениот туш на Бугарија на Градски кога дојде како четврта во свет

Сурфајќи периодов на оваа тема, ни излезе видео кое не можевме да не го споделиме. Треба да знаат помладите дека Бугарите предводени од легендарниот Христо Стоичков, на Мундијалот во САД 1994 стигнаа до сензационално полуфинале и како такви ги совладавме во Скопје.

Што сè нема да види човек во Африка

Вакви трикови може да се видат само и само на црниот континент каде фудбалот се игра со голема веселба.

Данците ќе играле на Светско во црни дресови од жал за човекови права

Дискусиите, нападите и борбата за човекови права против организаторите на Светското не стивнуаат.

ЕВН со пресврт во второто полувреме до победа над Халк Банка

Во третиот ден од 2. коло во новата сезона од Бизнис лигата на Македонија, ЕВН славеше тесно против Халк Банка, Ван Хоол беше убедлив против А1, а DHL и Пивара Скопје си ги поделија бодовите.

Ај па да го видиме мајсторов на подиум за Пушкаш наградата

Чудесијата од гол ни доаѓа од нисколигашкиот фудбал во Боливија. ФИФА бери памет. Ова мора да се награди некако.

Фудбалери од Италија го прославија голот во кола

Катанѕаро ја победува Месина со 3:0 во меч од Серија Ц и во еден момент се случува веројатно досега невиден начин на прослава на гол во историјата на фудбалот. 

Специјалитетот на Дибиров и фантастичната одбрана на Митревски

Порто го запиша и третиот пораз во третото коло од новата сезона во ЛШ, овој пат на гости против Загреб (29:23). Никола Митревски кој на 3 октомври полни 37 години повторно бранеше одлично и успеа да му фати два пенали на Дибиров и еден на Чупиќ. Тимур „лета“ и на 39 години и беше број 1 на средбата со извонредни 10 гола.

Јохан Кројф да беше жив да ја види акцијава на Холандија

Мирно, трпеливо, 1 минута ја градеа со 20 додавања за на крај да ја завршат како што ја почнаа, со мозок. Видеото е против Полска која ја совладаа на гости 0:2 и ја завршија групата со 16 бода од можни 18, каде беа уште Белгија и Велс. Фантастично одиграно.

Чудните коментари на коментаторот на РТС

Александар Аца Стојановиќ веќе подолго време е главен уредник на спортската редакција на РТС а воедно и водечки фудбалски коментатор на српската државна телевизија. Тој повеќе од десет години работи преноси а голем дел од гледачите го одбиваат неговиот стил на коментирање.

И ко ќе ги местите прскалките, гледајте да не направите бербат на терен

Ширум светот деновиве се одиграа еден куп фудбалски натпревари, што во Лига Нации, што пријателски средби како подготовка за Мундијалот во Катар. На еден таков меч, Јапонија и Еквадор во Германија, на Меркур Шпил Арена во Дизелдорф одиграа без голови. Мечот дури три-четири пати бил прекинуван поради тоа што на сред игра се активирале прскалките на теренот.

Дојди кај чичо на една воспитна за да ви тргнат пеналите

Селекцијата на Израел за играчи до 21 година ја доби Ирска на пенали и се пласираше на ЕП У-21. Селекторот им беше бајаги наапан, до таа мерка што се реши да додели шамар на еден од своите играчи. Некои медиуми ова го нарекоа дека е мега скандал, а тој одговори дека тоа го сторил од љубов.

Костас Манолас се стресе на промоцијата на новиот клуб поради лав

Познатиот дефанзивец кој играше за Рома и Наполи, после кусиот престој во Олимпијакос се реши за авантура во Обединетите Арапски Емирати. Се работи за клубот Ал Шарџа кој со Костас ангажира трето звучно засилување после Миралем Пјаниќ и Пако Алкасер. На промоцијата не мина баш опуштено.

Што тоа се случува во Иран и зошто најдобриот играч кренал бунт пред Светско?

Од 16-ти септември во Иран се одржуваат протести. Повод за општествена бура станала веста за смрттта на младата 22-годишна Махша Амини, приведена во полиција поради „неправилно носење хиџаб“ во Техеран. Студентката паднала во кома во полициската станица а после три дена починала во болница.

Волеј на вечерта што ги фрли во транс Колумбијците и коментаторот

На пријателска средба во рамки од подготовките за Светско првенство, Мексико и Колумбија одиграа меч со 5 гола во Санта Клара (САД). На преполн стадион пред околу 70.000 гледачи, Колумбијците славеа 2:3 и тоа со чудесниот гол на Вилмар Бариос.