Светското првенство во фудбал во Катар стартува за помалку од два месеци а учесниците веќе ги промовираа варијантите комплети во кои ќе играат. Најнеобична е онаа на Данска, селекција која од производителот на спортска опрема Hummel побарала „невидливи дресови“, односно опрема на која нема да бидат видливи грбот и логото на спонзорот, од почит кон невидливите жртви меѓу работниците кои ги изградија стадионите во Катар.
Данска на Мундијалот ќе ја гледаме во темно црни и темно црвени дресови со кои рекоа дека изразуваат протест против нарушување на човековите права во Катар.
„Со новиот дрес на репрезентацијата на Данска ние сакавме да пратиме двојна порака. Идејата на дресот не е само инспирација од Евро 1992 (кога влегоа наместо Југославија која беше под санкции и освоија титула), туку и настап против Катар и тамошното нарушување човекови права.
Затоа ги направивме неприметни сите детали меѓу кои нашето лого и грбот на федерацијата. Не сакаме да бидеме видливи за време на турнирот кој чинеше илјадници човечки животи (за време на изградбата на новите стадиони, илјадници работници-мигранти загинале при изградбата).
Ние секогаш ја поддржуваме репрезентацијата на Данска, но не и Катар како земја домаќин. Сметаме дека спортот треба да ги обединува луѓето“, пишува во соопштението на Хумел на кое Катарците имаа одговор.
Првата варијанта на Данците им е темно црвена, втората бела, а третиот комплет темно црн. На сите дресови слабо видлив е грбот на Данска фудбалска федерција и името на производителот.
„Црната е боја на тага. Идеална боја за третата варијанта на фудбалската репрезентација на Данска на Светското. Многу сакаме да објавиме за ситуацијата со кршење на човековите права во Катар и односот со работниците-мигранти кои во оваа земја ги изградија стадионите за турнирот“.
Во април 2022 организаторите на Светско првенство во Катар го признале фактот за експлоатација на работниците мигранти.
Целата трагедија на овие луѓе ја разгори британски Гардијан кој долго работеше на оваа тема и открил дека најмалку 6.751 работник-мигрант од Индија, Пакистан, Непал, Бангладеш и Шри Ланка загинал во Катар од 2010-та од кога земјата го доби домаќинството на Светско првенство. Во текстовите нагласуваат и дека бројот на загинати е значително поголем зошто немаат информации за загинати мигранти од други земји во Катар.
После ова против Катар глас кренаа неколку клуба од Норвешка а некои европски репрезентации имаа посебни акции протестни но до бојкот никогаш не дојде.