Што тоа се случува во Иран и зошто најдобриот играч кренал бунт пред Светско?

Од 16-ти септември во Иран се одржуваат протести. Повод за општествена бура станала веста за смрттта на младата 22-годишна Махша Амини, приведена во полиција поради „неправилно носење хиџаб“ во Техеран. Студентката паднала во кома во полициската станица а после три дена починала во болница.

По овој трагичен настан, на улиците во повеќе ирански градови изглегле многу демонстранти кои протестирале против властите и суровоста на полицијата. Во некои инциденти полицијата разбивала толпа со солзавци и гумени куршуми, а наводно имало и дессетина жртви меѓу кои и полициски службеници.

Слоганот „Жена, живот, слобода“ станал ударна парола на протестите и симбол на женското неповинување - јавно да мораат да кријат коса и да носат хиџаб.

НАЈДОБРИОТ ИРАНСКИ ФУДБАЛЕР РЕАГИРАЛ БУРНО

Во неделата жестока реакција имал Сердар Азмун, шпицот на Баер Леверкузен и најголема ѕвезда на репрезентацијата на Иран и тоа од базата во Австрија каде оваа селекција одигра пријателски меч со Сенегал (1:1) во рамки од подготовките за Светско првенство.

„Според правилата во репрезентацијата нам ни е забрането да даваме изјави додека не заврши собирот, но јас веќе не можам да молчам.

Ако за тоа ме исклучат од репрезентација, оваа жртва не вреди ниту едно влакно од косата од главите на иранските жени. Оваа објава во никој случај нема да се тргне. Срам да ви е за тоа со каква леснотија убивате луѓе. Храбро ирански жени!

Наскоро од профилот на Сердар Азмун ги снемало не само сторито, туку и објавената фотографија.

Веќе се појавила и неофицијална информација дека одличниот фудбалер бил исклучен од репрезентацијата, а ова го пишал иранскиот фудбалски сајт Daily Football повикувајќи се на неофицијални извори.

Сердар Азмун не бил на фотографиите на репрезентацијата објавени во понеделник. Иранската информативна агенција Fars (под државна закрила) соопштила дека Азмун го пропуштил тренингот поради повреда.

ПОКРАЈ СЕРДАР АЗМУН, ПОДДРШКА НА ПРОТЕСТИТЕ ИЗРАЗИЛ И ЛЕГЕНДАРНИОТ АЛИ ДАЕИ

Легендата на иранскиот фудбал Али Даеи (до скоро беше светски рекордер по број на голови за репрезентација, па Кристијано Роналдо го надмина), исто изјавил: „Што направивте со земјава? Ќерка ми ме прашува што се случило, што да и кажам?“

И Мехди Махдавикија, кој исто како Али Даеи блескаше во германскиот фудбал и во репрезентацијата на Иран рекол: „Наместо да се извините за вашите грешки, вие ги принудувате луѓето уште повеќе да ве мразат. Срамни се вашите сатанистички постапки. Ги убивате жените за тоа што не сакаат да носат хиџаб а во исто време вашите деца на Запад мирно си шетаат полуразголени“.

ФУДБАЛОТ ВО ИРАН Е ЕДНА ОД ЖИВОТНИТЕ СФЕРИ КАДЕ ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ БИЛЕ ОГРАНИЧЕНИ

Животот на жените во Иран го сменила револуцијата во 1979-та која ја потчинила локалната култура под исламски закони. На жените сериозно им се ограничиле правата.

Пред три години, во 2019-та ФИФА изврши силен притисок врз Иран дека ако не дозволи влез на жени на фудбалски натпревари (тогаш исто имаше огромна бура поради смртта на Сахар Ходајари која си го одзела животот откако не ја пуштиле на стадион во Техеран), ќе им забрани учество во квалификациите за Светско првенство и дека ќе ги исклучи од нивниот систем.

Како резултат на тоа на жените им беше дозволен влез на фудбалски натпревар на стадион во Иран, па мечот од квалификациите за Светско 2022 меѓу Иран и Камбоџа го гледале поеќе од 3.500 жени.

Иран на тој натпревар славел рекордна победа од 14-0. 

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО ИРАН СЕГА?

Во земјата траат протести веќе неколку недели. Главна мета на протестите се полицијата, односно одделот се занимава со сузбивање на престапи во врска со повредата на јавниот морал.

Активноста на овој оддел и неговата суровост се менуваат од година во година во зависност од тоа кој во кој момент е на власт. Полицајците се критикувани поради остриот пристап во извршување на должноста: жените често се притвораат поради мали отстапки од правилата и се пуштаат дури кога машки родител или роднина ќе даде гаранција дека тоа нема да се повтори.

Овој пат полицијата решила дека девојката ги прекршила правилата за носење хиџаб кои се задолжителни за сите жени во Иран. Неколку дена по приведувањето, младата Амини починала во болница, а според шпекулациите, Махша починала откако полицијата ја удирала со пендреци по глава што довело до насилна смрт.

Властите ја демантираат оваа верзија. По смртта на младата девојка Махша Амини, во Техеран започнале масовни протести кои после се прошириле на остатокот од републиката. БиБиСи јавува дека најмалку 17 луѓе загинале во нередите и судирите со полицијата меѓу кои и еден полициски службеник. Поради најголемите нереди во последните неколку години, властите го ограничиле пристапот до интернет во многу региони, пишува британски БиБиСи.

Во Иран правилото за задолжително носење хиџаб важи од 7 март 1979-та од моментот на основање на Иранската исламска република. И тогаш, веќе следниот ден по донесениот закон стотици илјадници жени излегле на улица но протестите не биле успешни.

Конкретниот дрес-код за жените бил разработен две години подоцна. Во 1981-ва се донело правило според кое треба да се носи вел кој во целост го покрива телото и марама под која не треба да се гледа ниту косата.

Казна за кршење на ова правило било 74 ударци со камшик, пишува БиБиСи, а правилото било изгласано во иранскиот државен парламент во 1983-та година. Подоцна биле додадени и до 60 дена затвор. 

Уште повеќе ограничувања се донеле по доаѓањето на власт на Ибрахим Раиси. Поставени се на некои места надзорни камери кои следат дали жените шетаат со покриени глави.

Иранскиот претседател Раиси пред неколку дена не се појавил на интервју за СиЕнЕн зошто новинарката одбила да носи хиџаб.

28 септември 2022 - 10:13