Се вика Клаус-Хенинг Шулке кој секаде стигнува на време за да го пречека Кипчоге со вода или друг освежителен пијалак. Шулке качен на велосипед весла брзински и наоѓа стратешки добро испланирано место на булеварите од каде без пречки ќе му даде шише на својот работодавец.
Двајцата се запознале во 2018-та година на Берлинскиот маратон кога Шулке волонтирал и исто го следел најмногу Кениецот кој и на тој настан тогаш постави светски рекорд.
Кога Кипчоге пристигнал на Бранденбург аеродромот во Берлин изминатиот вторник минатата недела пред маратонот на 25-ти, Шулке го изненадил со пречек и двајцата разговарале за стратегија со додавање на разни пијалаци.
Техниката на Шулке е да носи голем натпис на рака со името на Кениецот така што легендарниот маратонец да знае каде да земе вода и да не губи фокус додека трча брзо.
Шулке има 56 години и е аматерски триатлонец. Работел и како проект менаџер во една градежна компанија во Берлин. И самиот на времето бил маратонец но се свртел кон триатлон кога имал 20-ина година. Тој волонтира на Берлинскиот маратон уште од 1998-ма година.
Тој е сениор меѓу екипата од 30 волонтери кои се задолжени да ги освежуваат светските маратонци за време на трката. Тие даваат шишиња вода, јаглехидрати, енергетски барови и разни пијалаци. Стратешки се наместени на важни точки каде на атлетичарите обично најмногу им треба освежување.
Во септември 2018-та Шулке добил понуда од генералниот директор на Берлинскиот маратон за да го опслужува лично Кипчоге. Поради големото искуство кое Шулке го имал зад себе во изминатите дваесетина години, тој добил ваква привилегија да му асистира на светскиот рекордер.
Пред таа трка во 2018-та, 58-годишниот Шулке се запознал на договорена средба со неверојатниот Елиуд Кипчоге и неговиот менаџер Патрик Санг и тие заедно воспоставиле тактика која му овозможува на Кениецот да трча со максимална ангажираност без да размислува на детали крај трката.
Како што тргнува трката, нивниот план е Кипчоге да се напие пијалак на 13 различни локации од патеката. Шулке мора да вози брзо со велосипедот до секоја од овие станици, да го почека својот партнер, да го освежи со шише вода/сок/друг пијалак и после да весла пак до следната точка.
Двајцата се одлични и колку што е Кипчоге доминантен на стазата, толку Шулке е одличен меѓу волонтерите.
Повеќекратниот олимписки и светски шампион обично трча 20 км на час, колку што Клаус мора да развие брзина и кога ќе се види на дело, 42 километри возење со максимална концентрација и фокус да не се промаши некоја точка не е баш едноставна задача.
Кипчоге постави нов светски рекорд со 2 часа, 1 минута и 9 секунди колку што му требаа да истрча 42 километри (во просек трчал 2:55 километри за 2 минути и 52 секунди.
Шулке во исто време неуморно вергла со својот велосипед, страствено и со посвета да му помогне на големиот шампион да победи. Благодарение на нивната соработка, Кипчоге постави два неверојатни светски рекорди на маратон, во 2018 и сега во 2022.
Интересно во едно од интервјуата кога урнал рекорд во 2018-та, Кипчоге рекол:
„Моја најголема помош на Берлинскиот маратон е човекот кој ми даваше вода. Тој е и натаму мојот најголем херој, со начинот на кој го работеше тоа, со реакцијата и со разговорите, неверојатен е“.
37-годишниот маратонец е еден од најдобрите маратонци во историјата. Тој има светско злато од Париз 2003 и сребро од Осака 2007, две светски злата од Олимписки Игри 2016 во Рио и Токио 2020, со сребро од Пекинг 2008 и бронза од Атина 2004.
На најголемите светски маратони има златни одличја во Чикаго 2014-та, Берлин 2013-та, 2015, 2017, 2018, 2022 Лондон 2015, 2016, 2018, 2019, Токио 2021.
Meet Claus Henning Schulke, a 56-year old German triathlete from Berlin who is Eliud Kipchoge’s Bottle Handler.
— Usher Komugisha (@UsherKomugisha) September 26, 2022
His celebration after Kipchoge gets the bottle is a thing of beauty. Sport is absolutely powerful. Incredible scenes. pic.twitter.com/uaBC9UVTfP
„Да, беше смешно, претходно вежбавме со вазна во која имаше лале. Јас ја држев од долу за тој да може да ја зграби од горе. Можеш да замислиш, тие трчаат 20 км/час, мораш да направиш контакт со очи со него, па дали ме гледа?
Јас му викам зошто еднаш се движеше во долг тунел па за да му дадам шише на време. Кога ќе ја зграби флашата многу ме прави среќен. После мора да грабнеш велосипедот и да спринташ на следните пет километри до станицата за нова вода додека ги преминуваш сите тие помошни возила пред тебе. Тоа значи дека мора да возиш 40 км/час и после пак и пак. После трката сум преморен.
Every superhero has a sidekick and Eliud Kipchoge's was Claus-Henning Schulke 💥
— AW (@AthleticsWeekly) September 25, 2022
Known as "Bottle Claus", he kept up with Kipchoge on his bike 🚴
Every time he successfully gave the Kenyan a bottle he fist bumped the air 💪
📹 @AMReportsHQpic.twitter.com/XMsDa2oLOy