Offside

Во Германија со месеци се дискутира проблематиката со инфлуенсери и влогери на стадионите а сега прв реагираше Динамо Дрезден, култниот клуб од источна Германија кој презема мерки со цел да се сузбие злоупотребата на права.

Перу игра бараж за Светско, прогласен неработен ден, шаманите прават ритуали

Владата на јужноамериканската земја решила понеделник 13. јуни да биде неработен ден. Целата нација сонува пласман на Светско првенство, а за такво нешто ќе треба да се победи Австралија вечерва.

Најатрактивните погодоци од мега кариерата на крал Кире

Добре де, дел од најатрактивните, бидејќи е невозможно да се скоцка кратка компилација од играчина кој има постигнато 1.482 гола во ЛШ и 1.728 за репрезентација, а кај се првенствата и куповите. Триминутно уживање од човекот кој стана симбол на ракометот.

Филип Миркуловски, единица мерка за македонскиот ракомет во иднина

Кога некои нови клинци ќе ве потсетуваат на него, да знаете дека се на вистинскиот пат. Тој е олицетворение за самоувереност и пожртвуваност и вистински модел на играч кој може да служи за пример, како се гине за својата земја.

Овации и песна од Тоше во чест на славниот Миркуловски за крај на една прекрасна кариера

2022-ра е година на збогувања со големи македонски ракометни имиња кои ќе ни останат во срце. По Кире Лазаров, последниот ракометен танц го одигра и популарниот Жути.

Грчки навивачи ги нападнаа Косоварите, исвиркана и химната

На стадионот Пантесалико во Волос, пред околу 16.000 навивачи Грција го победи Косово со 2-0 и како прва на табела пред време се пласираше во погорна дивизија за следното издание на Лига Нации. Околу стотина Косовари дошле да ја бодрат нивната селекција, а грчките навивачи ги нападнале пред почеток на мечот.

Палермо се врати во Серија Б, навивачите направија луда атмосфера

Легендарниот клуб од петтиот најголем град во Италија конечно се враќа на голема врата. По големите падови и финансиски колапс низ годиниве, Палермо синоќа ја совлада Падова 1-0 на реваншот од плејофот и по триумфот со ист резултат на првиот меч, со вкупни 2-0 се пласираше во Серија Б.

Феноменалната контрола на Асенсио за учебници

Со головите на Солер и Сарабија, Шпанија ја победи Чешка 2-0 и се издвои на прво место во групата 2 од Лига А во Лига Нации. Играч на мечот беше Марко Асенсио со неколку феноменални потези. Како на пример овој прием на топка и асистенција.

Македонија рутински ги реши аматерите од Гибралтар

Македонската фудбалска репрезентација уште во прво полувреме го затвори најлесниот меч во групната фаза од Лига на нации. Конечниот резултат е 4:0, односно убедливата предност која ја стекнаа уште по првите половина час игра. Милевски им даде шанса на четворица дебитанти.

Велемајсторија на Барди од слободен удар

Само 4 минути и беа потребни на Македонија да го најдат патот до голот против аутсајдерот Гибралтар. Поатрактивно не можеше да биде. Уживајте во атракцијата на специјалистот за слободни фрлања, Енис Барди.

Како Црногорците ги зафркаваа босанските фудбалери и навивачи

Во еден пријатен, релаксиран меч во 3. коло од Лига Нации, Црна Гора и Босна и Херцеговина одиграа 1:1 и си поделија по бод. Гостите поведоа, домаќините израмнија а хит на мечот беше прозивката на домашните навивачи до гостинските. Поради фактот што Босанците признаваат само бурек со месо и никаков друг, Црногорците ги зафркаваа.

Ноер со гимнастичарски потег ја спаси Германија во Будимпешта

Германците како да се претплатени на резултат 1-1. Дури четврти пат по ред, а трет во Лига Нации завршуваат натпревар со поделба на бодови 1-1. Така беше и против Италија, и против Англија и сега против Унгарија во Будимпешта. Ама да не беше капитенот Ноер, трите бода ќе останеа во Будимпешта.

Асистенција на Рамзи за раскажување

Во 3. коло од Лига Нации, Велс и Белгија одиграа 1-1. Гостите поведоа први преку Јури Тилеманс во 50' минута, а Велшаните израмнија пред крајот, во 86' минута. Бренан Џонсон даде гол на неверојатна асистенција на Арон Рамзи.

Се појави нов Обафеми, личи на Мартинс, игра за Ирска и даде спектакуларен гол

Мајкл Обафеми има 21 година, роден е во Даблин од нигериски родители. По извесно време се сели со семејството во Лондон и таму почнува да тренира фудбал во младинските школи на Челси, Арсенал и Вотфорд.

Откако се игра Лига Нации немало вакво нешто

Во Лига Д каде се натпреваруваат најслабо рангираните европски селекции, Андора со 2:1 го победи Лихтенштајн. Еден од головите на Андорците, дело на Жезус Рубио уште долго време ќе биде дел од најавните шпици за Лига Нации. Невозможно.

Ќе има ли слух УЕФА за националистичкиот испад на Албанците во Тирана?

На стадионот на кој пред неколку недели се одигра финалето на Лига Конференции во Тирана меѓу Рома и Феенорд, синоќа албанските навивачи истакнале парола која што се поврзува со терористичката ОВК и мапа на тн. „голема Албанија“.

Бугарската фудбалска репрезентација имала тешка сообраќајка со автобус

Фудбалерите на Бугарија преживуваат тешки времиња. По катастрофалните партии последниве години поради кои се на удар на цела бугарска јавност, сега доживеале и тешка сообраќајка со автобус во Грзуија.

Блесок на Стеф Кари, Голден Стејт врати брејк во Бостон

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го совладаа Бостон Селтикс со 107:97, земаа брејк на гостински паркет и израмнија на 2-2 во големото НБА финале.

Пораките за Кире кои одеа на видео бим на спектакуларното испраќање

За време на церемонијата на која Лазаров беше седнат како крал на престолот, на видео бим одеа пораки од неговиот прв тренер Илчо Јанев, потоа Лино Червар, Чави Пасквал, Талант Душебаев, Никола Карабатиќ, Филип Лазаров па се до неговите деца.

17 годишниот Гави им го помати умот на Швајцарците

Шпанија ја совлада Швајцарија на гости со 0:1, а тинејџерот на Барселона кој лани стана најмлад дебитант во историјата на шпанската репрезентација, одржа лекција како се изнесува топка од шеснаесетник во Роналдињо стил.

Грузија дрско и се одмазди на Македонија за финалето во Тбилиси

Македонската фудбалска репрезентација доби лекција на Градски со висок пораз од 0:3 и по само три кола е речиси без шанси за пласман на следното ЕП, барем не преку Лига на нации.

Кејн, Италија не оди на Светско

Фантастичниот англиски центарфор и со сигурност еден од Топ5 напаѓачи на светот, Хари Кејн против Германија (1:1) го постигна својот јубилеен 50. гол за Англија. На шпицот на Тотенхем му фалат уште 3 погодоци да го стигне Вејн Руни на вечната листа. И тоа Кејн 50 гола даде на 71 меч а Руни 53 на 120. Но друг ни беше муабетот.