На Арената „Тоше Проески“ во Скопје, Јужна и Северна трибина беа исполнети речиси максимално. Скоро 20.000 гледачи им беа голема поддршка на нашите фудбалери кои не одговорија на терен и изгубија од подмладената и со дебитанти во составот Бугарија. Очекувано, имаше погрдни скандирања на сметка на ривалот, а и парола која привлече внимание.