Голманот на Јувентус уште пуши цигари

Искусниот триесет и две годишен полски репрезентативен голман Војчех Шчесни во моментов е со својата селекција каде игра натпревари од Лига Нации и се спрема за Светското првенство. Шчесни по богатата кариера во Арсенал, бранеше за Брентфорд и Рома пред да дојде во Јувентус. Секаде го следеше муабет дека пуши цигари, а сега тоа го потврди и полскиот селектор.

По победата на Полска над Велс од 1:0, на прес-конференција селекторот Чеслав Михњевич на прашање за Шчесни рекол: „Отидов во соблекувална после мечот, тргнав кон тоалетите и помислив дека има пожар таму, па го слушнав Војчех дека е таму. Му реков: Шчесни што се случува? Ми одговори: вода испарува. А вусшност чад излегуваше од таму...“

На почетокот на 2015-та кога уште бранеше за Арсенал, Шчесни беше казнет 20.000 фунти од клубот и суспендиран за мечот против Хал Сити во ФА Купот зошто бил фатен од Арсен Венгер како пуши во тоалет од соблекувалната.

Полјакот долги години го бие глас дека е активен пушач, а тој негира во неколку наврати.

26 септември 2022 - 15:35