Offside

Приказна од едно гостување на ултраси кои не сакаат камери, телефони, дресови, лајкови и фејвови...

Весел пречек на капитенот на Македонија за Бугарите

Ги чекаме вечерва на Градски со почеток од 20:45 во натпревар без некоја резултатска важност, туку чисто да им покажеме дека сме појаки. Стефан Ристовски нема да игра поради повреда, ама им заигра на Инстаграм со нивниот најголем и најактуелен хит. Рокајте звучките.

Светско првенство 2030 би можело да се игра во Саудиска Арабија, Грција и Египет

Веќе се познати некои од кандидатите за организација на Мундијал 2030. Европската јавност со две раце би гласала за сојузот Шпанија-Португалија-Мароко, но нешто се прашуваат и Саудиска Арабија-Египет и Грција. Од каде овој чуден спој?

Најнежниот коментатор на сите времиња

Има работа и за овој ај ти. Може карлинг да коментира, скокови во вода и ритмичка гимнастика, а исто и веслање и едрење. Слушнете го како гали со гласот.

Прејак карамбол во Аргентина кој заврши со џандари на терен

Хаосот пред гол се случува во третата аргентинска лига и во еден момент глупост прави тој со број 2 покрај статива. Ја расчистува опасноста пред гол, ама со шут кон својот гол и гаѓа соиграч во рака. Судијата вели пенал. Ќе се заколеа.

Зинедин Зидан падна од коњ ама во елегантен стил

Легендарниот Зизу после еден рид трофеи освоени во кариерата како играч и како тренер, веќе извесен период ужива во слободното време. Сега излезе видео на кое Зидан во една ергела коњи јава еден коњ и наеднаш паѓа но елегенатно како на фудбалски терен, со стил.

Кошаркарки од Африка се степаа на Светско првенство

На женскиот кошаркарски Мундијал, после мечот Србија - Мали кој Србинките го добија 81:66, две кошаркарки од африканската селекција се степале додека српските кошаркарки даваа изјава во микс зоната. Чудна и незапаметена ситуација на женско кошаркарско Светско првенство.

На Слободен им поништија гол каков што нема да видите цела сезона

Новата скопска фудбалска приказна од Кисела Вода, викендов и официјално почна да се испишува. Дебитираа во четвртата лига со пораз во Долно Лисиче од Победа. Скоро им правевме интервју, ама не се пофалија дека го купиле и Златан Ибрахимовиќ.

Симултанката на Нено Димитријевиќ против Партизан

Најдобриот македонски кошаркар од летово премина во руски УНИКС Казан каде ќе има фантастични примања, бонуси и одличен состав.

Импресивен трк и поен на Тиафо, коментаторите побудалеа

Американецот Френсис Тиафо го доби Циципас со 2:1 во сетови (1:6, 7:6, 10:7), со што „Тимот на светот“ стигна до првата победа над „Тимот на Европа“ на „Лејвер купот“ во Лондон кој се одржува од 2017-та. Тиафо го има може најјакиот поен на турнирот. Радоста на крај за првата историска титула беше голема.

Ѓоковиќ зборува за емотивниот говор на Федерер

Најелитното тениско дружење на Лејвер Купот во Лондон помина со многу пријатни моменти меѓу ривалите кои истовремено покажаа дека функционираат и како пријатели и џентлмени. Новак издвои кој момент го трогнал најмногу од говорот на Роџер.

Џентлмените Роџер и Новак делат совети и си носат вода меѓу себе

Вториот натпреварувачки ден на Лејвер Купот мина во знакот на Новак Ѓоковиќ кој оствари две победи, една во двојки и една во сингл против Тиафо кој го доби со 6:1, 6:3. Интересно беше на паузите во тимот на Европа. Федерер и Ѓоковиќ им делеа совети на колегите, а во еден момент Роџер без проблем го праша Новак дали има потреба од вода.

Жестокиот тајм аут на Кире по кој Алкалоид му направи серија на Вардар од 5:0

Ракометниот новајлија одлично му парираше на двократниот европски првак и загуби достојно со 28:25. При еден пад на играта на Алкалоид, Лазаров збесна и откако ги искара фино направија серија од 5:0, а потоа и од 7:1 со што дојдоа и до предност против Вардарци.

А го видовте ли лобот на Меси за Аргентина?

Аргентина одигра пријателски натпревар против Хондурас кој го доби со 3:0. Еден гол даде Лаутаро Мартинез, два Меси од кои едниот го можат само мајстори.

Седи Лотито, денсов ти е најлош на свет

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито се проба на подиум, ама подобро нека се врати во фотеља.

Како се правеше заедничката фотографија за историското Европско

Како велат, и фудбалерите се луѓе кои прават заебанции и секој сака да ги види какви се кога уште не се вклучени камерите за интервју или не е почнат натпреварот. Налетавме на снимка од Европското кога се собираат за сликање. Горан најрасположен.

Најемотивниот говор во кариерата на Федерер кој едвај зборуваше од плачење

Маестралниот Роџер Федерер и официјално се збогува со професионално играње тенис во една од најемотивните тениски ноќи.

Македонија ѝ подари победа на Грузија, во Тбилиси пораз од 2:0

Македонија вечерва на преполната „Тбилиси Арена“ во главниот град на Грузија имаше 19 наспроти 8 шута, поголем посед, 9 корнери наспроти 3 на Грузија, поголема контрола но и два кикса кои скапо ја чинеа нашата селекција. Грузија - Македонија 2:0 (1:0).

Доктор за шева Бускетц - ја крие топката, нема земање

Шпанија ја чекаат два клучни натпревари за да го задржи првото место во група во Лига Нации: против Швајцарија и против Португалија. На тренинзите на селекцијата на Луис Енрике доминира капитенот на Барселона, Серхио Бускетц.

Роџер игра пинг понг на Гала вечер со тениски крици

Тениската елита веќе неколку дена е во Лондон каде од 23 до 25 септември ќе игра на петтото издание на Лејвер Купот. Ќе се соочат тимот на Европа и тимот на светот, а турнирот ќе го одбележи пензионирањето на легендарниот Федерер, кој умее да се опушти и да се зеза.

Не е само Кирјос бељаџија, и Медведев правеше сериозен испад во Мец

Во последно време сè почести се испадите на тенисерите и тоа оние од Топ 10, Топ 20 на ранг листата. Ако на времето само Сафин, Агаси и понекогаш Лејтон Хјуит правеа будалаштини, денес тоа е чест пример кај многу млади тенисери. Последен кој зема лош пример од Кирјос е Русинот Медведев кој на мечот со Вавринка во Мец кој го изгуби со 2-0 во сетови, имитираше мајмунско однесување кон публиката која го исвирка.

Федерико Валверде е ова или Мики Маус?

Фудбалерот на Реал Мадрид тука треба да е влезен во пубертет, ама уште не му е измутиран гласот. Како издржа репортеркава да не прсне, ние рикаме.

Шампионот на Колумбија спаси жива глава од своите навивачи кои упаднаа во терен

Хаос на меч од колумбиската прва лига. Натпреварот меѓу екипи кои очајно го почнаа првенството а меѓу кои е и шампионот Депортиво Кали. Првакот на гости изгуби 2-0 кај Кортулуа и уште повеќе се закова на дното на табелата после што навивачите збеснаа.

Трите опции на Македонија за освојување на првото место во група

Ремито против Бугарија на гости или дебаклот дома со Грузија, како сакате, Македонија ќе го плати скапо во ова издание на Лига на нации. Потребно е чудо за да остане во игра за ЕП 2024.