Македонската фудбалска репрезентација денеска со почеток од 18 часот ја има последната шанса за да се избори за првата позиција во група, преку која се игра плејоф за ЕП.
Историјата во Тбилиси тогаш ја испишаа под други околности, со Ангеловски како селектор и Пандев капитен, но сега Грузијците се посилни.
На селекторската функција го имаат славниот Вили Сањол, а во игра опасниот Квича Кварацхелија кој со 21 година веднаш стана првотимец на Наполи и во јуни ни даде гол на Градски кога не победија 0:3.
За Македонија да ги задржи шансите за ЕП 2024, постојат три многу тешки варијанти:
1. Победа над Грузија од 4 гола разлика и потоа се разбира победа над Бугарија. На тој начин би имале подобар дуел од Грузијците.
2. Победа над Грузија од 3 гола разлика. Потоа да ја победиме Бугарија со 2 гола повеќе од тоа што Грузија би го победил Гибралтар.
3. Со било каква победа над Грузија. Потоа ќе треба да ги победиме Бугарите и да чекаме Грузија да киксне со аутсајдерот Гибралтар, односно да не освои 3 бода.
Боби Милевски има многу проблеми пред дуелот, бидејќи поради повреда ќе ги нема дуото од Динамо Загреб, Ристовски - Адеми, како и Дарко Чурлинов и Ваљон Етеми, а според најновите информации неизвесен е Александар Трајковски кој не тренира со цел интензитет поради температура.
Отсутни ќе бидат и Давид Бабунски, Кире Ристевски и Бобан Николов поради тоа што периодов се без клупски ангажман.
Мечот почнува во 18 часот со пренос на МТВ.