Светско првенство 2030 би можело да се игра во Саудиска Арабија, Грција и Египет

Веќе се познати некои од кандидатите за организација на Мундијал 2030. Европската јавност со две раце би гласала за сојузот Шпанија-Португалија-Мароко, но нешто се прашуваат и Саудиска Арабија-Египет и Грција. Од каде овој чуден спој?

Иако звучи неверојатно, на повидок е многу интересен и необичен сојуз. Саудиска Арабија, Египет и Грција се договориле заедно да се кандидираат за организација на Светско првенство 2030-та. Ако евентуално победат, тогаш за првпат ќе имаме Мундијал на три различни континенти.

Овој кандидатски сојуз за организација на Светско првенство на прв поглед изгледа парадоксално. Претходно исто повеќе земји се кандидираа за домаќинство на најголемиот фудбалски и воопшто светски спортски настан, но секогаш беа соседни земји, во најголем дел од случаите со блиска, заедничка историја и менталитет.

Така на пример во 2026-та, за четири години од сега, Мундијал ќе организираат САД, Мексико и Канада кои веќе се спремаат за ова.

Но што е заедничко со теократското кралство Саудиска Арабија, Египет и Грција? Изгледа многу повеќе отколку што мислиме.... За почеток треба да се разбере дека учесниците не се рамномерни партнери во кандидатурата. Никој не крие дека водач и главен двигател на оваа кампања е Саудиска Арабија. Таа ветува дека ќе ги плати речиси сите трошоци, вклучувајќи и изградба на нови стадиони не само во својата земја, туку и во Египет и во Грција. Ако кандидатурата за организација на Светско им победи, секако.

Саудијците со својата финансиска моќ би можеле и сами да организираат Светско првенство во 2030, но правилото на ФИФА за ротација на континентите каде се играат Мундијали го направи тоа невозможно. На осум години до 2030-та, сега Катар во 2022-та ќе биде домаќин на Светско.

Но Саудиска Арабија била сериозно загреана за турнирот во 2030-та и за решавање на „пречката“ од ФИФА со децениска фер ротација на континенти ангажирале консултанти од Boston Consulting Group. Ова не е само желба на богатите шеици туку по замислата на лидерот на земјата наследниот принц Мухамед бин Салман, организација на домашен Мундијал би требало да стане кулминација на државната стратегија Vision 2030 која што започна во 2016-та.

Оваа стратегија предвидува голема преобразба во економијата на земјата а исто и промена на нејзиниот меѓународен имиџ. До 2030-та, Саудиска Арабија треба да се преврати од кралство затворено за надворешниот свет кое живее од нафтно богатство, во модерна и секуларна држава привлечна и за странски инвестиции и за туризам.

Фудбалот игра многу голема и важна улога во оваа стратегија. Саудиска Арабија не жали пари за да стане важен играч на фудбалскиот пазар. Во 2019-та потпишаа договор со Фудбалската федерација на Шпанија која доби околу 120 милиони евра за шпанскиот Суперкуп да се одржи на стадионите во Саудиска Арабија во текот на следните три години, а во 2021-ва договорот го продолжија до 2029-та. Дури и го сменија форматот па така сега од традиционалниот еден меч во Суперкупот, се играат полуфинале и финале меѓу полуфиналистите на шпанскиот Кралски Куп во сезоната.

Сличен договор (додуше далеку поскромен со 20 милиони евра за три финални дуели на Супер Куп) Саудиска Арабија има и со Фудбалската федерација на Италија.

Уште еден голем чекор во поправање на имиџот беше купувањето на Њукасл од суверениот фонд на Саудиска Арабија за 300 милиони фунти.

Во јули 2021-ва The Athletic пишуваше дека Саудиска Арабија зборувала и со Италија за заедничка организација на Светско првенство 2030. Но сработеле и план Б согласно кој партнери на Арапите би можела да стане една од сеферноафриканските земји - Мароко или Египет, или двете заедно.

Но Мароко се решил сам да се кандидира за сопствена организација на Светско така што партнери на Саудиска Арабија им останале Египет и Грција наместо Италија.

Организаторите секако би можеле да го искористат имиџот на три земји кои имале важни улоги во човечката цивилизација и кои ги спојува огромна страст за фудбалот - од египетските фараони преку старогрчките философи и драматурзи па се до арапските наставници. Сликата навистина може да биде убава.

Притоа овие три земји не ги спојува само легендарно минато туку и геополитичка сегашност. И Египет и Грција се важни стратешки сојузници на Саудиска Арабија која тврди дека е главна сила во регионот на Блискиот Исток и авторитативен партнер за земјите од јужна Европ.а

ЕГИПЕТ Е ГОЛЕМ СОЈУЗНИК НА САУДИСКА АРАБИЈА, ШЕИЦИТЕ ВЛОЖУВААТ ДЕСЕТИЦИ МИЛИЈАРДИ ВО ЕКОНОМИЈАТА НА ЕГИПЕТ

Ако ФИФА строго се држи до принципот на ротација на домаќин на Светско првенство (менување на континенти), тогаш турнирот во 2030-та би требал да се одржи во Африка.

Последно (и досега уште единствено) Светско на тој континент се играше во 2010-та во Јужна Африка. После него турнирот беше на сите континенти освен Океанија која што сега има уште помали шанси по преминот на Австралија (поради посилна конкурентност) во Азиската конфедерација на фудбал (AFC).

Треба да се има предвид дека на Саудиска Арабија би и требал партнер во Африка. Списокот на можни кандидати бил долг но на крај го избрале Египет. Затоа што Египет има огромно искуство во организација на големи меѓународни натпреварувања: фудбалскиот Африкански Куп на нации 2019-та и Светското ракометно првенство во 2021-ва. Репрезентацијата на Египет е најсилна и најтрофејна на континентот (7 шампионски титули на Купот на Африкански нации).

Во Египет фудбалот се сака неверојатно. Таму има два гигантски стадиони кои секогаш се полни со навивачи (последниот нов е изграден во 2009-та). Капацитетот на „Борг ел Араб“ во Александрија има капацитет од 86.000 гледачи а тука е и постариот Меѓународен стадион во Каиро кој собира 75.000.

До 2030-та година ќе бидат отворени уште два потполно нови и ултра модерни стадиони: во главниот град на Египет каде се гради практично нов модерен град и уште еден на супер одморалиштето на Средоземно море „„Нов Ал Аламејн“.

Врз основа на пријателските односи меѓу Саудиска Арабија и Египет кои се политички во прв ред, а не фудбалски, Египет станува најверен партнер на шеиците во арапскиот свет. Зближувањето на двете земји започнало по доаѓањето на Хосни Мубарак на власт во Египет во 1981-ва.

Мубарак цели 30 години ја водеше оваа огромна земја и воведе практично диктаторски режим - забрани делантност на радикални исламистички организации, наместо претседателски избори спроведе референдум кој му ја продолжуваше власта.

Саудиска Арабија се договорила со Мубарак дека ќе се обидат без борба за лидерство да завладеат во регионот и да станат „две еднакви крилја на арапскиот свет“. Притоа претседателот на Египет поддржувал добри односи и со САД и со СССР (подоцна и со Руска Федерација).

Ситуацијата се смени во 2011-та. Бран протести ја зафати Северна Африка а неизбежни беа нереди и во Египет. На главниот плоштад во Каиро - Тахрир излегле повеќе од еден милион луѓе кои барале оставка од „вечниот“ лидер на земјата. Ова го однесе Египет во неколку револуции.

Хосни Мубарак го тргнаа од власт а нов лидер на Египет кој победи на изборите беше претставник на партијата „Муслимански браќа“, Мохамед Морси. Тоа била непријатна вест за Саудиска Арабија.

Во 2013-та година во Египет се случи државен удар и претседателот Морси го сменил министерот за одбрана Абдул Фатах Ас Сиси кој ја обвини организацијата „Муслимански браќа“ за терористичка. Тогаш во Ријад биле задоволни од веста за смена на власта.

Од тој период Саудиска Арабија важи за главен спонзор на египетскиот режим и најголем инвеститор на различни проекти на египетска територија. Меѓу најважните и најголемите сигурно е проектот за изградба на нов мост и поголема безбедност на Суетскиот канал (вредност околу 8 милијарди долари) што ќе овозможи зголемување на капацитетот и притоа приходите на Египет од работата на каналот.

Уште еден мегапроект е изградба на новите градови Ведиан (на 20 км источно од Каиро) и Нов Ал Аламеин (115 км од Александрија на граница со Либија.

Според плановите на Египет, во овие нови градови постојано би требало да живеат 11 милиони Египќани а вкупната сума за изградба на овие два града изнесува околу 100 милијарди долари. Свои инвестиции во овие проекти имале и инвеститори од ОАЕ и Кина.

ИМА ЛИ ШАНСИ КАНДИДАТУРАТА САУДИСКА АРАБИЈА-ЕГИПЕТ-ГРЦИЈА?

Да не беше Светското 2022 во Катар, шансите за победа на овој сојуз би биле големи. Раководните лица на ФИФА веќе одамна работат како бизнисмени а лично со принцот на Саудиска Арабија, претседателот на ФИФА Џани Инфантино има одличен однос.

Прва пречка секако ќе биде принципот на ротација кој го споменавме погоре, а втор ќе биде огромниот револт кој европската (пред се британската) јавност го има кон Катар за непочитување на човекови права, за негрижа кон работниците-мигранти кои необезбедни и неосигурани во мизерни услови ги граделе новите стадиони за Светското и притоа, како што пишуваа британските медиуми, илјадници од нив загинале на работно место.

Европа сигурно не би била воодушевена од уште еден Мундијал и тоа еден по друг во тој дел од светот.

Други претенденти на Светско 2030 се Шпанија, Португалија и Мароко за кого се вели дека се најблизу до победата зошто одамна не организирале голем фудбалски настан, а исто постои и заедничка кандидатура на Уругвај, Аргентина, Чиле и Парагвај. Нивен главен и не баш мал адут им е 100-годишнина јубилеј од првото Светско првенство одиграни во 1930-та во Уругвај. Би сакале да играат на таа карта кај ФИФА, после 100 години Светското првенство пак да се врати од каде што тргна.

26 септември 2022 - 10:28