Шампионот на Колумбија спаси жива глава од своите навивачи кои упаднаа во терен

Хаос на меч од колумбиската прва лига. Натпреварот меѓу екипи кои очајно го почнаа првенството а меѓу кои е и шампионот Депортиво Кали. Првакот на гости изгуби 2-0 кај Кортулуа и уште повеќе се закова на дното на табелата после што навивачите збеснаа.

Навивачите на колумбискиот гигант Депортиво Кали во 81’ минута од мечот (околу 1.400 луѓе) ја прескокнале оградата кај гостинскиот сектор и истрчале на терен за да го истурат бесот врз фудбалерите и тренерот на екипата.

Дел од фудбалерите избегале во подтрибински простор, а навивачите ги опкружиле и ги удирале и навредувале тренерот Мајер Кандело и некогашниот шпиц на Колумбија, Теофило Гутиерез.

ВЛАСТИТЕ ВЕЌЕ ЗНААТ КОИ ВЛЕГОЛ ВО ТЕРЕН

После 13 одиграни кола Депортиво Кали е на дното, последен на табелата со само 8 бода (само еден триумф досега). Покрај тоа, сезонава испаднаа од група во Копа Либертадорес каде се пласираа како шампион (пред нив на табела завршија Бока Хуниорс и Коринтијанс), а после Депортиво Кали испднал и од плејофот на Копа Судамерикана од ривал од Перу.

Ова е во спротивност со резултатите на кои се навикнати навивачите. Депортиво Кали е 10-кратен шампион на Колумбија а титула освоија и минатата сезона. Депор Кали е прва колумбиска екипа која уште во 1978-ма година станала прв колумбиски клуб кој стигнал до финале на Копа Либертадорес. И единствен клуб во оваа јужноамериканска земја кој им припаѓа односно со кој владеат навивачите.

Управата на клубот со соопштение категорично ги обвинила нередите, агресијата и насилството и побарала од властите да отворат истрага за да во иднина се избегне трагедија.

Клубот Кортула има мал стадион и има систем на идентификација и веќе ги предал на властите податоците на сите 1.441 навивач кој седел на таа трибина.

ЕДНАШ НЕКОЈА БУДАЛА ЗА МАЛКУ НЕ ЗАСТРЕЛАЛА ФУДБАЛЕР НА ДЕПОРТИВО КАЛИ

Фанатизмот меѓу навивачите во Колумбија поприма радикална форма. Во 2018-та година Хуан Себастијан Кинтеро, фудбалер кој поникнал во школата на Депортиво Кали раскажал дека во градот Хамунди (24 км јужно ка Кали) додека си одел накај дома на неговиот автомобил запукал од огнено оружје некој непознат маж.

„Кога дојдов до својата зграда и слушнав како некој ми чука на стаклото од колата. Човек со пиштол беше спремен да ме пука. Ми требаа две или три секунди за да реагирам и стиснам на гас. Тој само чукаше на прозорот ми впери пиштол и ми кажа: „Ќе те убијам кучкин сине“.

Фудбалерот кажал дека го нападнал навивач на Депортиво Кали затоа што носел блуза од овој клуб.

23 септември 2022 - 11:40