Offside

Претседателот на САД Доналд Трамп го поддржа првиот човек на ФИФА Џани Инфантино кој е под огромен притисок од јавноста а многу национални федерации му откажаа поддршка откако во јавноста се појави негов план да го приватизира и продава Светското првенство во фудбал.

Нов, којзнае кој по ред драмски театар од Нејмар

ПСЖ ги финишира подготовките пред новата сезона кои реши да ги изведе во Јапонија. Таму Парижаните одиграа неколку пријателски средби а на последната, против Гамба Осака Нејмар покажа дел од својот раскошен талент.... за глума.

Пантерски спринт на 100 метри со пречки за нов светски рекорд

Дваесет и петгодишната Нигеријка Олуватобилоба „Тоби“ Амусан постави нов светски рекорд на 100 метри со пречки кои ги истрча за 12,12 секунди и заслужено влезе во финале. Тоби два часа подоцна, во големото финале истрчала 100 метри со пречки за 12,6 секунди но овој рекорд не ѝ бил признаен поради ветерот кој надминал брзина 2,5 метри во секунда. Заслужено освои златен медал.

Алегри тргна бос да шутира од корнер, Влаховиќ: „Немој шефе, боли тоа“

Јувентус објави видео од денешниот утрински тренинг кое покажува одлична атмосфера во екипата. Тренерот Макс Алегри реши да им покаже на децата како се дава гол од корнер и тоа го направи бос.

Класа гол во 94-та минута со ножички во Русија

Во второто коло од руската Премиер лига, Локомотив Москва извади бод на домашен терен откако Константин Марадишвили во 90+4’ минута постигна гол кој сигурно ќе биде во топ3 на крајот од сезоната во Русија. Локомотив во моментот на голот играше со играч помалку.

Спалети го избрка Осимен од тренинг

За време на отворен тренинг на Наполи во Кастел ди Сангро пред почетокот на новата сезона во Серија А, пред пар илјади гледачи, Лучано Спалети го прати Нигериецот Осимен на туширање пред време зошто овој им викал на соиграчите Лео Остигард и Замбо Ангвиса.

Дебитантски гол за Миовски, новата 9-ка на Абердин

Шкотски Абердин доби одличен напаѓач во македонскиот репрезентативец.

Дуплантис леташе до облаците за нов светски рекорд

Швеѓанецот Арман Дуплантис продолжи да доминира во дисциплината скок со стап и го освои златниот медал на Светското првенство во Орегон, САД.

Класика бразилски ножички за еврогол

Во втората бразилска Серија Б, Крузеиро, Гремио и Васко да Гама се на одличен пат да се вратат во елитната прва Серија А. Крузеиро синоќа славеше 2-1 против Понте Прета а првиот гол на мечот кој беше дело на Диего Соуза е прогласен за гол на колото.

Барса го победи Реал со еврогол на новајлијата Рафиња

Ел Класико секогаш носи бурни дерби дуели а така беше и овојпат во Лос Анџелес на пријателски меч меѓу шпанските гиганти во рамки на нивната турнеја во САД.

Автогол на колото каков што не се гледа секој ден

Во првиот меч од 2. квалификациско коло за Лига Конференции, хрватски Осијек со 1-2 го совлада Кизлижар од Казахстан. Гостите водеа 0-2 но младиот фудбалер од среден ред Дарко Нејашмиќ го шокираше хрватскиот репрезентативен голман Ивица Ивушиќ кој до тој момент бранел неверојатно.

Отишол ПСЖ на џудо во Јапонија и Мбапе што да види

Неколку ѕвезди на парискиот клуб кој веќе неколку дена е на турнеја во Јапонија каде се спрема за новата сезона, биле на тренинг во џудо центар. Предавачите ги фасцинирале а најзбунет делувал Мбапе.

Необјасниво е она што се случуваше пред гол во меч од Лига Конференции

Молде, најпријатното изненадување во европскиот фудбал од Норвешка, ја започна евросезоната со убедлива победа против шведски Елфсобрг (4-1), иако гостите од Шведска водеа 0-1 на полувреме. На оваа средба имаше и 10-11 секунди сцени како на Сони Плејстејшн.

Има такви моменти кога со право се пцуе

Тур д’Франс годинава изобилува со инциденти. Велосипедистите најчесто се жртви на неодговорни поединци што од публика што од самите возила-актери на трката. Така во неволја западна и 37-годишниот Џек Бауер од Нов Зеланд кој со право пцуеше.

Билијард гол на украинска Ворксла во Лига Конференции

Во прв официјален натпревар по почетокот на воениот конфликт во Украина, украинскиот клуб Ворксла одигра сјаен меч во 2. коло од квалификации за УЕФА Лига Конференции. Го победија шведски АИК 2:3 на гостинската „Tele2Arena“ каде номинално Ворксла беше домаќин. Победничкиот погодок на младиот Артем Чељадин беше врв на врвовите.

ВАР снимка во Аргентина за удар по незгодно место

Ланус и Велез Сарсфилд одиграа супер интересен меч со дури 4 гола во аргентинската Примера дивизион. Поделија по бод со резултат 2:2 а во 63’ минута домашниот играч Матео Санабриа доби црвен картон по прегледување ВАР снимка.

Биди скромен ко Садио Мане

Садио Мане на кратко ги прекина подготовките во Баерн Минхен и замина за Африка каде на свечена церемонија му беше доделено најголемото признание на црниот континент за најдобар играч на годината. Мане беше прв со повеќе бодови пред Салах и голманот Едуар Менди од Челси. Ова е втора награда за Сенегалецот по онаа во 2019-та.

Фантастични трки на 200 метри, урнат е рекордот на Мајкл Џонсон поставен пред 26 години

На точно седум дена од почетокот на Светското атлетско првенство во Орегон (САД), имаше две неверојатни трки на кои се поставија историски резултати.

Отворена истрага по најапсурдните пенали некогаш изведени во Нигерија

Фудбалската федерација на Нигерија и тамошните власти отвориле истрага после мечот на кој клубот Ремо Старс изгубил 3-0 на пенали од Иџебу Јунајтед во финалето на државниот Огун Куп.

Деле Али го има промашот на летото, можеби и на сезоната

Франк Лампард и неговиот Евертон нема по добро да ја паметат турнејата во САД каде се на подготовки за новата сезона. „Карамелите“ беа декласирани со 4-0 од Минесота Јунајтед, тим кој игра во речиси аматерската МЛС лига. И тоа во полн состав. А Деле Али промаши нешто што не се објаснува.

Навивачко беснило во Ријека, Армада нападнала шведски навивачи

Во пресрет на квалификацискиот меч од Лига Конференции меѓу Ријека и Дјургарден, хрватските навивачи нападнале гости кои седеле во локалите во самиот центар на градот. Ова е веќе четврт инцидент на Балканот од почетокот на еврокуповите по оние во Загреб, Тирана и Софија.

Барди тргна во пресметка на пријателска, па доби црвен

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди не го дочека крајот од пријателскиот дуел меѓу Леванте и Вулверхемтпон. Во 35’ минута од мечот Барди влезе во судир со противничкиот играч Жерсон Москера после што и двајцата добија црвен картон.

Епа не е секој Тоти, треба да го знаеш тоа

Евертон доживеа потоп од 4:0 против Далас на пријателски меч во рамки од турнејата на премиерлигашите во САД, а Челси не успеа да го совлада Шарлот. После 1:1 во регуларниот дел, на пенали Американците беа подобри изведувачи и славеа 5:4. Еве како изведе пенал младиот талент на Челси Конор Галахер.

25.000 потпишале петиција на Ѓоковиќ да му се дозволи да игра, УС Опен и официјално го одби

По неколку неделни нагаѓања сега е веќе извесно дека 7-от тенисер на светот според ранг листата, нема да се појави на американскиот Гренд Слем.