Кадиз го шокираше Атлетико Мадрид 3:2 со погодок во 99-та минута кој и покрај тоа што го пуштија повеќе пати во забавена снимка, тешко е да се донесе заклучок со што е постигнат. Веројатно со стомак или кук.
Го гледаа и на ВАР снимка за да проверат дали е постигнат со рака.
Домаќините имаа предноа од 2:0 до 85-та минута, а потоа си постигнаа автогол. Жоао Феликс израмни на 2:2 во 89-та, а голот за победа и огромна радост за домаќините го даде Собрино.