Капитенот на Вардар даде гол за паметење

Во рамки од 10. коло на македонската втора лига, Вардар со 2-1 ја совлада Воска Спорт од Охрид. На стадионот „Железарница“ во скопската населба Автокоманда, пред полни трибини со „Комити“, црвено-црните победија со головите на Дарио Десниќ во 18-та и капитенот Дарко Мицевски во 20-та минута. Еврогол за насловни страни.

Вардарци со овој триумф се први на табела со 8 победи, 1 реми, 1 пораз и 25 освоени бода пред второпласираниот Гостивар кој е непоразен но има три нерешени средби и 24 бода. Воска е трета, а четврти е битолски Пелистер.

Првите две места директно водат во првата лига а трето и четврто доигруваат во баражот за пласман во најдобро друштво.

30 октомври 2022 - 10:17