Луис Суарез му донесе титула на родниот клуб и големо славје на навивачите

Легендарниот уругвајски центарфор Луис Суарез со два убави гола му донесе шампионска титула на Насионал Монтевидео во тамошната лига. 49-та за славниот клуб од главниот град на Уругвај.

Во големото финале на плејофот на уругвајското првенство, Насионал Монтевидео после продолженијата го совлада Ливерпул Монтевидео со убедливи 4-1 иако во регуларниот дел беше 1-1.

Некогашниот ас на Гронинген, Ајакс, Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид беше играч на мечот и главен автор на триумфот на Насионал со два гола.

Ветеранот прво му донесе предност на својот тим во 49’ минута со убав гол во негов стил:

На другата страна изедначи Тиаго Весино во 68’ минута од пенал, а Луис Суарез во 96’ минута од првото продолжение ја врати предноста на Насионал со нов убав погодок.

До крајот Насионал уште два пати ја затресе мрежата на ривалот Ливерпул Монтевидео преку Емануел Жиљоти кој ги постави конечните 4-1 за шампионска титула.

И покрај силниот дожд во Монтевидео, навивачите еуфорично ја прославија 49. титула во клупската историја:

Претходно, пред неколку недели стана јасно дека Луис Суарез нема да го продолжи договорот со својот Насионал и дека најверојатно кариерата ќе ја продолжи или во САД или во Европа.

 

31 октомври 2022 - 12:04