Ивановски го прегази првиот носител од Романија, Себастијан Гима, убедливо со 2:0 (6:1, 6:1) за само 51 минута.
Со оваа победа македонскиот тенисер го комплетираше извонредниот турнир во Грција на кој ги доби сите пет натпревари и тоа без загубен сет.
Ова му е втор освоен турнир годинава, а воедно и втор во кариерата. Првиот го освои во Тунис.
Турнирот во Ираклион се играше на тврда подлога за награден фонд од 15.000 американски долари.
Ивановски во моментов е 737. тенисер на светот и се очекува да напредува одново на АТП листата.