Животот на Борис Бекер зад решетки

Шест месеци по осудата за финансиски малверзации, трикратниот освојувач на Вимблдон и доскорашен тренер на Ѓоковиќ им предава физичко на “колегите“ во затвор. Што и не им е баш по ќеиф.

Поранешниот германски тенисер Борис Бекер одлежува две и пол годишна затворка казна поради лажен банкрот, прогласен пред пет години.

Судот утврди дека 54 годишниот Бекер, по банкротот префрлил стотици илјади фунти од својата сметка на други сметки. Потоа не го пријавил имотот во Германија, сокрил банкарски кредит од 825 илјади евра и акции од една технолошка компанија.

Првите денови ги помина во затворот Вандсворт кој важи за пекол со ќелии за кои се вели дека се преполни со глувци. Во таква дупка заврши голема спортска ѕвезда со над 50 милиони долари заработени од тенис.

На 29 април, Борис се појави пред судијата елегантно облечен со машна на Вимблдон, за да го потсети кој е, а под рака ја зема и неговата девојка Лилијан.

При влегувањето на судницата се соочи со еден куп камери и блицеви. Машната од Вимблдон не му дозволија да ја носи во затвор, туку само спортска торба со неопходни работи.

Неколку недели после грдото искуство во затворот каде затворениците поминуваат 22 часа дневно во ќелија, а чуварите честопати се принудени насилно да интервенираат за да ги смируваат тепачките, Бекер беше префрлен во тивкиот Хантеркомб во Оксфордшир.

Важи за затвор со низок ризик, со осуденици претежно за административни или имотни деликти. Затвор за странци од кои многумина се протерани од Британија по отстужување на казната.

Девојка му Лилијан де Карваљо го посетува редовно, четири пати во неделата, како што налагаат прописите. Се гледаат на муабет меѓу 14 и 16 часот. Му доаѓаат и најстарите синови Ноа (28) и Елијас (23).

Ако во однесувањето продолжи да биде неприкосновен, може да ужива и полуслободен режим, а тоа значи да излегува по неколку дена во неделата, како и на неколку часа за време на викендите.

Неколку недели во префрлувањето во затворот Хантеркомб, поранешниот светски рекет број 1 имал можност да почне да работи, за што затворениците почнале да го обвинуваат дека е фаворизиран од страната на управата.

Работата се состои од држеше часови по физичко воспитување и да им објасни колку е важно редовното вежбање и здравата исхрана за да останат здрави.

За таква привилегија генерално биле потребни години стаж во затвор, но тоа што е позната личност му донел повластен третман. Меѓу нив и дозвола да може да го гледа Вимблдон на тв во својата ќелија.

Инаку Хантеркомб има спортски комплекс со сала во која има ѕид за качување, потоа кардиоваскуларна фитнес сала и терен за астротурф.

Центарот за посетители се наоѓа надвор од главната порта на затворот. Собата за посети има мало игралиште за деца, тоалети и простории за менување пелени.

Хантеркомб бил изграден како логор за интернација за време на Втората светска војна првично познат како Камп 020Р.

Бекер има 6 Гренд слем титули: 3 на Вимблдон од кои првиот на 17 години, 2 на Австралија опен и еден на УС опен.

31 октомври 2022 - 15:14