
Тотнем Хотспур губеше со 2-0 по двата гола на Мур во 22-ра и 49-та минута. Но во вториот дел Сесењон во 57-ма и Дејвис во 73-та израмнија на 2-2 за да Родриго Бентакур после прекин постигне прекрасен гол за победа во судиското продолжение.
Конте во истиот момент додека цела клупа лудо славеше тргна кон соблекувалната ладнокрвен.
„Да, точно е дека заминав кон тунелот, но потоа се вратив кога видов дека голот е регуларен. Не можев да издржам исто сценарио како пред неколку дена, ќе добиев срцев удар ако голот беше поништен.
Си реков да одам во тунелот и да пробам да останам мирен сè додека не ја слушнам конечната одлука од судијата. Презадоволен сум од реакцијата на моите фудбалери, се изборија за пресврт и стигнаа до победа, со мирен тон изјави Конте.