Дресот од бел, со сина пиротехника го направија син:
Интересно, како и пред секој натпревар, така и пред овој, бил одржан состанок за инструкции по безбедност меѓу одговорните лица од клубот, пожарна служба и полиција.
За оваа средба соопштиле и полицијата и пожарната служба и навивачкта група Ultras Gelsenkirchen. И покрај договорот за неупотреба на пиротеника, навивачите без согласност користеле димни бомби и бакљи. Во Германија е забранета каква било употреба на пиротехника на стадионите но се пали речиси на секој меч во сите лиги од прва до последна.
Шалке изгуби 0:2 од Фрајбург и тоа беше петти пораз по ред за некогашниот германски шампион кој играше и во Лига на шампиони па падна во втора лига.
Екипата во просек на „Гелзенкирхен Арена“ ја гледаат преку 60.000 гледачи што е во Топ10 во цела Европа.