Offside

Внимавајте на следниов податок: Ламин Јамал роден 2007-ма, веќе има повеќе титули во Ла Лига од Кристијано Роналдо. Верно ви е?

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт сезонава се за чиста 10-ка

Одат на гостување по 10, 20, па и до 30.000, тоа не е никаков проблем, без разлика колку е далеку дестинацијата. Погледнете како се загреваа пред вечерашното финале од ЛЕ против Глазгов. Моќен хор.

НБА Топ5 на вечерта

Во НБА гори. Започна конференциското финале на Истокот, Мајами го доби првиот меч во серијата со Бостон Селтикс 118-107. Во другото полуфинале ќе играат Далас и Дончиќ против Голден Стејт Вориорс на Стеф Кари.

Топ компилација со голови постигнати во финале на ЛЕ

Индивидуалната акција на Фалкао, фелшот на Стариџ, проектилот на Занети против Лацио...Финалињата од ЛЕ знаат да дадат многу јаки голчишта. Глазгов Ренџерс брка прв трофеј, Ајнтрахт Франкфурт втор. Битката ќе се води во Севиља од 21 часот.

Фото на денот за фудбалот и другарството

Глазгов Ренџерс во 1972-ра го освои Купот на Куповите на победниците и од тогаш нема европски трофеј. На тоа финале биле четворица другари и еве ги после долги 50 години, за жал во некомплетна екипа, повторно се вратија во Шпанија. Тогаш беа во Барселона, а сега се во Севиља.

Навивач на Рома украл дрес, а во полиција се вадел на Мурињо

Рома ќе игра европско финале по пауза од 31 година, а еуфоријата на навивачите драстично се засилува. Еден од што не можел да издржи, извршил кражба во фан шопот на клубот.

Јапонски начин на изведување седмерец

Косуке Јашухира има само 21 година и луди идеи за изведување ракометни пенали. Да ѕирнеме каква акробација продаде во францускиот шампионат каде е член на Ним.

Првите тренинзи на Ѓоковиќ на 4 години

По освојувањето на Мастерсот во Рим каде стана најстар победник со 34 дена, 11 месеци и 23 дена, се појави снимка од 1991-ва од човекот кој владее 370 недели на врвот на АТП листата. Уште на 4 години знаел да држи рекет и да го удира топчето со форхенд и бекхенд.

Трол за Арсенал од навивачите на Њукасл

Им го „одземаа“ во претпоследно коло со победа од 2:0, па уште им пејат на таа тема за да ги дотепаат. Само пораз на Тотенхем од Норич, а победа на Арсенал над Евертон може да донесе пресврт во недела на табела.

Навивачите на Сампдорија „ја погребаа“ Џенова

Додека го имаа Пандев се спасуваа, потоа дојдоа некои Американци за газди кои очигледно не сфаќаат што значи да го имаш Горан во тим и ете ги до каде стигнаа. Кам бек во втора лига.

Не планирав ножички, сама ми се намести

Мајсторот се презива Дел Прете што во превод значи поп. И да сакаше не можеше да најде поатрактивен начин за 3 бода на Естудијантес во Копа Либертадорес. Погледнете како го реши отпадокот кој стигна до него.

Превртување од радост, легендарниот Нотингем на 90 минути од Премиер лига

Некогашниот европски шампион и клуб кој ја доминираше цела Европа, а кој подоцна со децении дремеше во ниските англиски дивизии, сега дојде во прилика за првпат после далечната 1999-та да се врати во елитната Премиер лига.

Шампиони се на Македонија, а не држат македонски знамиња

Шкупи или Слога Југомагнат по старо, ја прослави шампионската титула. Играат во македонска лига, имаат неколку македонски фудбалери, тренер им е Гоце Седлоски, а се однесуваат како да се дел од албанскиот или косовскиот шампионат, исто како Шкендија. Ова е атмосферата на стадионот во Чаир во последното коло против Академија Пандев.

Франческо Толдо во македонска верзија

Ја имаме одбраната на колото, месецот и сезоната од нашиот драгоцен и ултра атрактивен мак фудбал. Да се наежи човек. 

Кој е шампион ако Интер и Милан завршат со ист број на бодови?

Во недела, на 22 мај, во Милано и оваа година ќе има фешта за Скудетото, само уште да се официјализира кој ќе го освои. Милан 83, Интер 81.

Очај и гнев кога осма година по ред ти бега ЛШ

На специјалистот за четврто место во Премиер лига веќе му стана недостижно тоа пусто четврто место. Синоќа загубија од Њукасл, кој не се бори за ништо и во последно коло влегуваат како петти со -2 зад Тотенхем. Очајот на еден ист навивач снимен две сезони по ред. Бара да им се вратат парите на навивачи кои биле на гостување.

Гранит преку Шпаркасе Банка до влез во Ф8

Во разигрувањето од пролетниот дел во Бизнис лигата на Македонија, славеа екипите на Гранит, Ван Хоол, ЕЛЕМ и Фабрика Карпош – ГИМ.

Надреални сцени од финалето на Купот на Бугарија

И покрај тоа што Лудогорец е апсолутен хегемон во бугарскиот фудбал и ја освои 11-та шампионска титула по ред, Левски и ЦСКА Софија се најпопуларни клубови во Бугарија. Преку 40.000 гледачи го следеа големото финале на Купот меѓу овие ривали. По скоро 20.000 на двете страни. Едните сини, другите црвени.

Колку треба да си глуп за да му спречиш контра на соиграч?

Европско првенство за играчи од 17 години, Полска vs Франција. Се обидуваме да се сетиме дали до сега сме виделе ваква некоординација во напад, ама не ни текнува. Што ли сакаше детево да направи? Заедно да ја водат?

А го видовте ли лудилото во Штутгарт со голот за опстанок во последни секунди?

Во саботата се одигра последното 34. коло во Германија и се спушти завеса на сезоната. Баерн е десетти пат по ред шампион. Гројтер Фирт и Арминија Билефелд испаднаа во Цвајта, а опстанок во лигата обезбеди Штутгарт со гол во последните секунди од мечот со Келн кога Ватару Ендо донесе експлозија од радост и победа од 2:1.

Садио Мане човечка громада

Ливерпул го совлада Челси на пенали во финалето на англискиот ФА Куп и на тој начин Јирген Клоп им го донесе на навивачите трофејот кој го сонуваа цели 17 години. Ливерпул освојува пехари како на лента, навивачите не знаат што попрво да прослават.

Арсенал веќе 8 години не може да заврши 4-ти и да оди во Лига на шампиони

Дефинитивно најлузерски менталитет во англиската Премиер лига имаат „топџиите“ кои речиси никогаш кога е најпотребно не знаат да ги израдуваат своите навивачи.

Дибала не можеше да се соземе од плачење на последниот меч на Алијанц

Ноќ за збогувања на последниот меч на Јувентус сезонава на домашен терен против Лацио 2:2. После Џорџо Кјелини, со навивачите се поздрави уште едно големo име, а тоа е Аргентинецот Пауло Дибала кој многу емотивно реагираше на крај.

Цел стадион му свиреше на Балотели, па ги замолчи на мајсторски начин

11 пласираниот Галатасарај и деветто пласираната Адана Демирпоср, одиграа меч без некое посебно резултатско значење со оглед на нивната позиција на табела во претпоследното коло. Домаќините славеа 3:2, а Супер Марио се наслади фино од слободен удар.

Синоним за капитен - крај на ера долга 17 години, Џорџо Кјелини испратен со најголеми овации

Великанот Џорџо Кјелини, жива клупска легенда на Јувентус и Италија, се збогуваше од својот домашен стадион пред илјадници тифози кои непрекинато му го скандираа името.