Дуелот на Нејмар по кој му виси Мундијалот и како му изгледа зглобот?

Бразил ја совлада Србија со 2:0 и направи важен исчекор во битката за нокаут фазата. Но цел Бразил стравува дали ќе може Нејмар да игра повеќе во Катар.

Нејмар се повреди во дуел игра на 10 минути до крајот на средбата по што веднаш му беше укажана лекарска помош.

Првичната глетка не е добра, бидејќи големата бразилска ѕвезда има голем оток и со кривење го напушти теренот.

„Има извиткување на скочниот зглоб и немавме време за да ги направиме сите лекарски тестови. Има оток на десниот зглоб и сега најважно е да сочекаме 24 часа за да видиме. Замолуваме за трпение“, соопштија од лекарскиот тим.

Вториот меч Бразилците го играат во понеделник против Швајцарија со почеток од 17 часот.

 

25 ноември 2022 - 08:55