Голема победа на Иран, во последно коло ќе решаваат со САД

По дебаклот 6-1 кој го претрпеа на отворање на Светското, на Иранците ретко кој им даваше шанси за нешто повеќе во група Б. Но во второто коло денес беа многу подобри од Велс и со голови во длабоко судиско продолжение победија 2-0. За првпат во историјата победија европска селекција. Во последната рунда ќе играат против САД кои вечерва ги чека дуел со Англија.

Во оваа група Б, Англија е прва со 3 бода и меч помалку, Иран има исто 3 бода, САД 1 бод и меч помалку и Велс исто 1 бод.

Иран славеше 2:0 со голови во 90+8’ и 90+10’ минута од судиското продолжение а од 85’ минута играа со човек повеќе по црвениот картон кој го доби велшкиот голман Вејн Хенеси за страшен, груб прекршок далеку од својот шеснаесетник:

Првиот погодок беше прекрасен и дело на Рузбех Чешми:

Вториот за печат на победата го даде Рамин Резаиан:

25 ноември 2022 - 13:14