Што кажал селекторот на Канада што толку ги навредил Хрватите?

Канада, селекција која после цели 36 години се пласираше на Светско првенство и ја крена нацијата во еуфорија, имаше неславен старт на Мундијалот. Иако имаа повеќе од игра и шанси, добија и пенал но не го искористија, на крај изгубија од Белгија со 1-0. После мечот селекторот на Канада Џон Хердман ги бодрел играчите со мотивациски говор, ама се занел па кажал:

„Само што им ја покажав статистиката на фудбалерите. Им кажав дека тие припаѓаат овде и дека одиме да ја е**ме Хрватска. Тоа е што е“. 

24 ноември 2022 - 11:55