За 25 годишниот напаѓач Брел Емболо ова беше мундијалска пресметка со измешани емоции, бидејќи го реши натпреварот против својата родна земја.
Доби употреблива топка од Шаќири на стартот од вториот дел, ја искористи слабата реакција во одбрана и даде гол на кој воопшто не се израдува.
Тој е инаку роден во Камерун, каде сè уште живее неговиот татко, но кога имал 5 години се преселил со мајка му во Швајцарија.
За време на престојот во младинските категории, во 2014-та добил швајцарско државјанство и откако заиграл за Швајцарија У-16, репрезентативната кариера ја продолжил за сениорскиот тим за кој веќе има 60 настапи и 12 гола.
Емболо, кој сезонава има 8 гола на 23 натпревари за Монако, кариерата ја почна во Базел. По 31 погодок, се пресели во Бундеслигата и по три сезони настапуваше во Шалке и Борусија Менхенгладбах.
Ова лето тој го засили Монако за сума од 12 милиони фунти.
🇨🇲 Born in Cameroon
— FIFA World Cup (@FIFAWorldCup) November 24, 2022
🇨🇭 Represents Switzerland
⚽️ Scores in #SUICMR
Respect, Breel Embolo 🤝#FIFAWorldCup | #Qatar2022 pic.twitter.com/UCpZhx0TCY
Голот на Емболо за победа на Швајцарија
Шансата на Сеферовиќ во последниите мигови од средбата.
Вториот меч во групата Г е меѓу Бразил и Србија кој се игра вечерва со почеток од 20 часот.