Првиот во историја со голови на дури 5 различни Светски првенства

Кристијано Роналдо игра на петти Мундијал во кариерата и уште на првиот меч на кој до 65-та минута немаше ниеден гол а до крајот паднаа дури пет, влезе во вечноста.

Португалците го отворија Светското првенство 2022 со триумф 3-2 над Гана иако до 65’ минута го кршеа отпорот на африканската селекција.

Тогаш и добија пенал по сомнителен фаул над Кристијано Роналдо кој го реализираше за 1-0. Го прослави погодокот како што ги слави сите во последните неколку сезони, со пируета во воздух и извикот Siiiiiuuuuuuuu пропратен од публиката:

Африканците се бунеа поради престрого досудениот пенал а официјална реакција до ФИФА упатила и фудбалската федерација на Гана.

До крајот со головите на Жоао Феликс и Рафаел Леао Португалците славеа 3:2 и ги освоија првите три бода на Мундијалот.

ОВОЈ ГОЛ МУ ГО ВНЕСЕ РОНАЛДО ВО ВЕЧНОСТА

Критијано Роналдо е првиот во историјата кој постигнал најмалку по гол на дури 5 Светски првенства. Никому досега не му успеало такво нешто, а на 5 Светски настапувале Гуадрадо, Лотар Матеус, Рафа Маркез и голманите Очоа, Буфон и Карбахал.

Ова е и петти Мундијал за Лео Меси но тој во 2010-та во Јужна Африка не постигна гол.

2006

Кристијано реализираше пенал на мечот со Иран и зголеми на 2:0 за Португалија по фаулот над Луис Фиго.

2010

На Мундијалот во Јужна Африка Кристијано блескаше. Постигна прекрасен гол против Јужна Кореја и тоа беше второ негово Светско првенство на кое дава гол.

2014

Светското 2014-та беше уште една попатна голгетерска станица во кариерата на Кристијано. Португалија во третото коло од групна фаза до 80’ минута од мечот со Гана имаше нерешен резултат но Кристијано постигна преубав гол за победа, но Португалците не поминаа група.

Тогаш понатаму отидоа Германија и САД. Американците имаа ист број бодови по 4 со Португалија но подобра гол-разлика.

2018

Мундијалот во Русија му беше четврти по ред на кој Роналдо даде гол. И не само еден. На дуелот со Мароко развали со хет-трик.

- Кристијано го држи рекордот по број на Мундијали на кои давал најмалку по еден погодок но е далеку од најдобрите стрелци на Светски првенства. Миро Клозе и натаму е прв со 16, а Томас Милер има 10. Кристијано до сега постигна 8 гола на Светските првенства и со тоа ги стигна Ривалдо и Диего Марадона.

- Кристијано постигна и 118 гола вкупно за Португалија со што е апсолутен рекордер меѓу најдобрите стрелци за репрезентација во историјата.

- Меси има 7 гола на 5 Мундијали

- Португалија првпат од 2006-та година, односно од првото Светско на кое Кристијано се појави ја почна групната фаза со победа. Тогаш исто победија африканска селекција - Ангола со 1:0 и стигнаа до полуфинале каде посилна беше Франција.

25 ноември 2022 - 12:12