Offside

Ламин Јамал е најголема фудбалска ѕвезда во моментов, двократен шампион на Шпанија, европски првак со репрезентацијата на Шпанија и освојувач на шпанскиот Куп. Има само 18 години. Што е познато за неговото семејство?

Мурињо претстави свое вино

Тренерот на Фенербахче, трофејниот Мурињо во 2004-та година само што дојде од Порто во Челси, тогаш пред новинарите рече: „Ве молам не ме викајте арогантниот, но јас сум европски шампион и мислам дека сум посебниот“. Од тогаш го носи прекарот „Посебниот“. Таков бренд на вино извади сега. Една флаша ќе чини 120 евра.

Кузмановски е најдобар стрелец по првата фаза на Светското првенство

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Филип Кузмановски е најдобар голгетер по првата фаза на ракометниот Мундијал кој се игра во три земји.

Последните 11 киксови на Онана

Како Манчестер Јунајтед „ја реши“ голманската позиција? Се откажа од Давид де Хеа, сметан за еден од најдобрите во светот, кој беше на Олд Трафорд 12 сезони со преку 500 настапи, за да го доведе Андре Онана, кој никако не може да влезе во иста класа со Шпанецот. Плус да не зборуваме во ваква форма брани Де Хеа во Фиорентина.

На ред е Австрија, ќе има голема борба

Најдобрите македонски ракометари денес го продолжуваат настапот на Светско првенство. Црвено-жолтите остануваат во Вараждин, во иста сала, а противник ќе биде Австрија која во следната фаза пренесе 2 бода.

Лудиот финиш во Осло во режија на браќата Душебаеви

Шведска и Шпанија ја режираа најголемата драма во 3. коло од групната фаза на Мундијалот. Скандинавците на два пати имаа +7 во првиот дел, на средина од вториот дел имаат +6, но сепак не успеаа да победат. Шпанците им ја стопија предноста во последните минути од средбата, а најдраматично беше во последните 10 секунди во кои Алекс Душебаев израмни со удар од 9 метри, а потоа брат му Даниел спаси чист гол, откако Швеѓаните гаѓаа од центар на празен гол.

Царски и невиден фер-плеј: голман побара од судијата да поништи црвен картон

Шведска и Шпанија го одиграа најјакиот натпревар од почеток на Светското ракометно првенство. На крајот 29:29 и бод со кој повеќе ќе бидат задоволни Шпанците кои се вратија од -7 гола негатива. Двете репрезентации имаат по 5 бода но Шведска е прва на табела поради подобра гол разлика. Овој дуел го одбележа и најдобриот фер-плеј момент на сезоната.

Виљареал со Мајорка ко на тренинг, 4 гола за 8 минути

Во дуел на екипите кои котираат многу високо на табела во Ла Лига, Виљареал (5-то место) и Мајорка (6-то), домаќинот славеше со 4-0. Фудбалерите на Виљареал ги дадоа головите од 20-та до 28-ма минута и ја завршија работата експресно.

Бразилците од Дибиров да не учеле ракомет?

Најголемата сензација во групната фаза на ракометниот Мундијал ја приреди Бразил, кој успеа да ја совлада Норвешка и да оди понатаму со 2 бода и 2 победи бидејќи го победија и САД. Гилерме Боржес го има можеби најатрактивниот погодок на досегашните средби.

Лука Модриќ и гигантската змија

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ празничните денови ги минал во Дубаи со семејството, а дел од слободното време го искористил да го посети и познатиот Зоолошки парк „Фејмпарк“ во сопственост на милијардерот Саифа Белхасе. Модриќ таму хранел тигар и позирал со огромен, гигантски питон.

Конкурсот за автогол за 2025-та е затворен

Само 20 дена од стартот на новата година, во англиската седма лига падна најјакото, надреално забивање во сопствениот гол. Стрелец? Голманот.

Дете од Гостивар го издрибла обезбедувањето и стигна до дрес од Мбапе

10 годишниот Реис Фејзи од Гостивар е малиот за кој пишуваат многу светски медиуми. По крајот на средбата меѓу Реал Мадрид и Лас Палмас, која заврши 4:1, тој успеа да влезе на терен и да добие дрес од својот идол Килијан Мбапе, кој постигна два гола. Доживотно ќе го раскажува ова искуство.

„Ој Вардаре македонски“ ечи во Анталија

Фудбалерите на Вардар се спремаат за пролетниот дел од сезоната во Турција, Анталија, како и многу пати до сега. Задолжен за одржување на атмоферата во тимот е Филип Гачевски, кој ги мотивираше соиграчите со неофицијалната химна на клубот.

ВАР на Реал Мадрид му поништил 32 гола, убедливо најмногу од сите клубови

Реал Мадрид нема к'смет со ВАР-от па тоа ти е. А судија викне ВАР, голот е скоро сигурно поништен.

Судија сакаш кеш или со картичка?

Нотингем Форест го совлада Саутемптон со 3:2 и не се дава со 44 бода, исто колку што има Арсенал на втора позиција. Домашните навивачи се мајтапеа и се обидоа да го подмитат судијата Ентони Тејлор, кога одеше да гледа ВАР.

Ново шоу и 18-ти трипл-дабл на Никола Јокиќ

Кошаркарите на Денвер Нагетс на гости го совладаа Орландо Меџик 113:100 а јунак на гостите беше Никола Јокиќ кој до фантастични бројки стигна уште пред крајот на третата четвртина а во четврта не влезе во игра.

Непријатни сцени во Мелбурн, Синер непрестано се тресеше

Неподносливите горештини во Мелбурн и овојпат им претставуваат голем проблем на многу тенисери и тенисерки кои играат во пладневни термини на Отвореното првенство на Австралија. Температурите понекогаш одат и над 40 степени Целзиусови па доаѓа и до непријатни сцени и епизоди. Како на мечот меѓу Синер и Руне кога Италијанецот откако го доби третиот сет се тресеше како од грозница. Пред неколку дена некое дете задолжено за топчиња колабирало на теренот од преголеми горештини.

Милошевски: Аман дојдовме во мир, најпријателски и најспортски

Генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски во втор пат реагира на Фејсбук, незадоволен од организацијата на Светското ракометно првенство.

ИХФ ги промени термините, Македонија ќе игра во бош време

Светската куќа на ракометот ги смести во прајм-тајм посилните селекции и нас ни го даде терминот за ручек, додека луѓето сè уште се на работа.

Браво за Фитиљ, купил 40 карти за македонски навивачи

Прекрасен гест на Филип Кузмановски во очи на 3. коло на Светското ракометно првенство.

Илон Маск го поддржа Новак Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ утре го чека мега дуел против Карлос Алкараз во четвртфинале на Отвореното првенство на Австралија. Во меѓувреме српскиот тенисер по победата над Чехот Лехечка со 3-0 во сетови, реши да го бојкотира говорот после мечот и само накратко се обрати. Причина е еден австралиски новинар кој сега му се извини на Новак.

Македонски навивачи насилно исфрлени од сала

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Вараждин ја совлада Гвинеја 29-20 и со триумф се пласираше во следната фаза. Натпреварот во хрватскиот град овојпат мина со тензија на трибините каде беше видно зголемен бројот на редари. На вратата имало строг претрес а на трибините се одземале знамиња со сонцето од Кутлеш. Во неколку наврати имало инцидентни ситуации а некои навивачи агресивно биле исфрлени од салата.

Хрватските редари сепак одземаа знамиња со сонцето од Кутлеш

Како што најавија од организаторот, редарската служба на мечот Македонија - Гвинеја беше побројна, имаше повеќе редари на трибините поради инцидентите на дуелот со Холандија кога предмети летаа на паркетот. Вечерва во Вараждин имаше околу 1.500 македонски навивачи а овојпат хрватските редари одземаа знамиња со сонцето од Кутлеш како и што се најавуваше пред Мундијалот. На неколку пати имаше и тензични епизоди.

Македонија ја совлада Гвинеја со 9 гола разлика и оди во следна фаза

Македонската ракометна репрезентација ја оправда фаворитската улога и ја совлада африканската селекција 29-20 (14-10). Со овој триумф црвено-жолтите обезбедија пласман во втората фаза, како третопласирани од својата група.