Offside

Сè од свој џеб. Ни денар од Миленко, ни цент од Управа. Тие не само што не ни помогнаа, туку ни даваа и забрани.

Како Тадиќ се појави во Амстердам ден после болниот гол

„За победа во Дортмунд потребни се мадиња“, напиша Душан Тадиќ на Твитер после голот и пресвртот. А за вака да се појавиш ден потоа во тренинг кампот на Ајакс, што се потребни? :) 

Го имаме тенискиот потег на 2021-ва

На Мастерсот во Париз играат Ѓоковиќ, Медведев, Зверев и уште многу познати тенисери. Еден од носителите, Аргентинецот Диего Шварцман неочекувано изгуби од Американецот Маркос Гирон во два сета во тај-брејк, ама на стартот на мечот го направи поенот на годината.

Малериште на колото за 1,2 милиони денари

Умно и рационално одиграни 12 парови од Лига на шампиони измешани од вторник и среда и уплатени на 100че. Добивка боли глава. И на цел мајсторлук, на двознак изгинал, Динамо Киев - Барселона 0:1, а тој ја играл 1X. Нема полошо. А разбирлив му е типот, со оглед на тоа колку се килави Барса сезонава. Голема штета, заслужуваше да биде махериште.

Кога Донарума сака да биде Ноер, ама излегува смешен

ПСЖ синоќа остана без триумф на гостувањето против Лајпциг во судиското продолжение, ама и бодот не е лош, со оглед на тоа што Џиџо Донарума одбрани пенал. Тоа сè океј, него што му беше со чуднава реакција кога непотребно го напушти голот? Имаше двајца негови играчи од кои едниот ја собра топката против еден.

Главната ѕвезда до сега сезонава во НБА направи несекојдневен потег

Брон, Дејвис, Дурент, Вестбрук се стандардни на стартот на НБА сезоната. Стеф Кари растура како и обично, ама во лигата има еден играч кој после 8 меча е најголем спектакл за гледање.

А ја видовте ли „крокодил тактиката“ на Интер?

Веќе некое време хит при изведување слободни фрлања е еден да лежи позади живиот ѕид, за да се покрие дупката која ќе се отвори откако ќе скокнат сите. Онаа што ја погоди еднаш и Тони Мицевски на Градски против Турција. Епа во Интер таа тактија знаат да ја користат и во игра.

Фудбалска судбина - пред 25 години Малдини и Консеисао, сега нивните синови еден против друг

Милан и Порто одиграа сосема добар натпревар со неколку шанси на двете шанси. На крај поделија по бод (1:1) што повеќе им одговараше на гостите кои обезбедија најмалку Лига Европа на пролет.

Златан Ибрахимовиќ влегол во Сквид Гејм

Јужнокорејската мегапопуларна серија „Squid Game“ и натаму е прав хит на друштвените мрежи. Интересно видео на темата направил и италијанската сензација на Тикток Каби Ламе кој во своето ново видео ја игра улогата натпреварувач а чувар му е погодувате кој.

Убавина од атмосфера со навивачите на Ајакс

Не им ја знаеме песнава и не ги разбираме што пејат, ама тоа е најмалку битно во случајов. Она што плени е самата мелодија, која е некако многу пријатна за слушање и начинот на кој ја изведуваат, како хор. Уживање. Оптеретете ги малку звучките.

Судијата мангуп на Енфилд Роуд

Триесет и осум годишниот холандски судија Дани Макели синоќа на дербито Ливерпул - Атлетико Мадрид одржа лекција како треба да се суди.  Во 36' минута додека домаќинот води 2-0, тргнуваат во контра, Бразилецот Филипе прави фаул кој реално е за жолт картон. Судијата го вика еднаш, го вика втор пат, го вика трет пат, а овој се прави наудрен и си мести штуцни. Епа кога си фраер, ќе одиш на туширање, му порача Макели.

Добро, дали беше реален судијата со црвен картон за Хумелс за ништо?

Ајакс прво ја понижи Борусија Дортмунд во Амстердам со 4:0 кога Халанд се повреди на тој меч, а на реваншот Германците не се одмаздија, напротив изгубија 1-3 иако водеа 1-0 скоро до 72' минута. Во првиот дел од мечот Матс Хумелс доби црвен картон буквално за никаков контакт со Бразилецот Антони.

Мурињо на Инстаграм обвинува за двојни аршини меѓу Јуве и Рома

Специјалниот почна мангупски да се однесува и на социјалните мрежи. Неодамна објави фотографија како јаде на тротоар откако доби црвен картон, а сега пецка за спорни ситуации.

Како се однесуваа овојпат Клоп и Диего Симеоне?

Откако се крена голема врева за тоа што на изминатиот меч во Мадрид, Јирген го чекаше Чоло неколку минути да се поздрават после натпреварот, ама овој само истрча брзински под соблекувална и не пружи рака, па после објасни дека нема пракса да се поздравува, Клоп ја сфати пораката.

Навивачите на МЗТ со транспарент: Перо Кантиќ

Градското дерби меѓу МЗТ Скопје и Работнички беше за момент во прекин, поради транспарент на домашните навивачи, наменет за претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија.

Ливерпул рутински со Атлетико, Ајакс убедлив во Дортмунд

Фудбалерите на Интер обезбедија три важни бода од гостувањето кај незгодниот Шериф Тираспол кај кого во составот го немаше нашиот Николов кој паузира поради повреда. Ајакс и Ливерпул искористија предност од играч повеќе и славеа важни триумфи.

Милан само до бод со Порто, Бензема за ново славје на Реал Мадрид

Фудбалерите на Милан го освоија првиот бод во групната фаза од Лига на шампиони но тоа нема да им значи многу затоа што ривалите веќе се одлепија бодовно. Реал во Мадрид одигра доволно за нови три бода и лидерска позиција во групата со Интер и Шериф.

Нејќеш Жељко да ти побара фломастер

Обрадовиќ има нула трпение кон играчите кога не им оди, а нема живци ни за банални работи. Помошникот му ја даде таблата за цртање тактики, ама заглави со најважниот дел и го изнервира легендарниот стратег. Инаку Партизан славеше во 3. коло од Еврокупот над Хувентуд со 68:67.

Леброн да не има 19 години?

Лејкерски запишаа трета победа во низа, овој пат против Хјустон со 119:117, а главен на паркетот беше Лебон Џејмс со 30 поени, 10 асистенции и 4 скока. Како ли да му застане човек на кралот кога ќе тргне вака од кош до кош? Па ќе го залепи како постер со вакво моќно забивање, кој и да е.

Чичко ви Лука да ви објасни како се игра кошарка

Иако има само 22 години, Дончиќ веќе делува многу зрело на паркетот, како да е 15 години во НБА, а освен во игра, почна да држи лекции и на тајм аут. 

Бројките на Левандовски во ЛШ се нереални, до каде ќе оди овој човек?

Секоја чест за Кристијано Роналдо кој ги држи рекордите по број на настапи и голови во ЛШ, ама има и други момци кои сериозно растураат. Таков е Пољакот, ѕверотина со германски менталитет на кој специјалност му е да даде гол. Кога сака и против кого сака.

Шега на денот на Чарлс Баркли за дебелиот талент од Пеликанс

Зајон Вилијамсон од 2019-та до денес цела светска кошаркарска јавност го чека да блесне затоа што станува збор за многу чудна конституција, кошаркар со килажа од скоро 130 килограми а многу подвижен и игра на позициите 3 и 4. Ама дечкото го следеа неколку повреди. Последен пат се појави пред некој ден на загревање и ги запрепасти сите.

Били масерот е најјак лик во соблекувалната на Челси, задолжен за смеа и мајтап

Скоро секој фудбалски клуб има некоја маскота во соблекувалната задолжена за циркуси. Во Челси тоа е еден лик кој освен што е масер и ги релаксира фудбалерите со масажи, тој ги смее до солзи со заразна насмевка. Скоро две децении е на „Стемфорд Бриџ“.

Остај ти Роналдо, гледајте што мајсторија изведе детево од Кембриџ Јунајтед

Паралелно со Лига на шампиони, синоќа се играше нисколигашки фудбал во Англија. Кембриџ Јунајтед го совлада Моркамб на гости со 0:2, а внимавајте што успеа да изрежира фудбалерот по име Бен Ворман, роден 2001-ва. Сам свој мајстор и тоа и прием и гол со истата нога. Неверојатен потег.

Каков цар од голман е Ноер, асистенција му направи на Левандовски

И покрај тоа што имаа 4:2, германската машинерија бараше петти гол во финишот против Бенфика. Вртеа полека на нивна половина, кружеа, ама нешто да им одеше, па ја вратија на голман. Ама голманот им се вика Мануел Ноер, човек кој многу љуби да игра понапред. Шах - мат и тоа на прва.