Offside

Најголемото засилување за „кралскиот клуб“ летово е 19-годишниот Јан Диоманде за кого на Ред Бул Лајпциг ќе му платат 125 милиони евра. Оваа сума е огромна затоа што Реал Мадрид одеше до крајот: првата понуда од 90+10 милиони им ја одбија, па се појави и ПСЖ како конкурент само за да ја зголеми сумата.

Луда тројка на Јокиќ во последна секунда за победа

Денвер Нагетс имаше 15 поени предност на крајот од третата четвртина од дуелот со Орландо Меџик, но гостите се вратија и поведоа во последниот период. До крајот се играше кош за кош а на 1,2 секунди пред крајот при резултат 116:116 Никола Јокиќ реши да шутира преку високиот Франц Вагнер. И погоди за делириум во салата и нова победа на Нагетс.

Најмалерозниот голман на сите времиња

Чик Броди е голема клупска легенда на Брентфорд. Тој бранел на 219 натпревари и во ’60-те години бил еден од најдобрите англиски голмани. Но неговата кариера завршила апсурдно малерозно. За време на еден меч меѓу Колчестер и Брентфорд во 1969-та година на сред терен влегува куче и трча безумно по цело игралиште. Натпреварот не се прекинува а во еден момент кучето се залетува по топката и удира во голманот Броди. Епилог: скинати лигаменти, тешка повреда и крај на една богата кариера.

Британски хумор најјак на свет

Во саботата во Премиер лига играа Евертон и Саутемптон. Гостите решиле да дојдат ден претходно и да преспијат во хотел во Ливерпул (растојанието меѓу градовите е 300 км). Во текот на ноќта некои навивачи на „карамелите“ распалиле огномет со цел да им го нарушат сонот на гостите. На крај Саутемптон победи 1-2 после пресврт па оставиле убав коментар и препорака на сметка на хотелот.

Бразилски шмек на дербито на северен Лондон

Арсенал е top of the league. Дечките од северен Лондон играат сјајна сезона и заслужено се први на табела со дури осум бода пред силниот Ман. Сити на Гвардиола. Во неделата на гости го победија вечниот ривал Тотенхем со 0:2 а демонстрација на моќ имаше Бразилецот Мартинели со лежерен прием на грб.

Клоцање среде дерби во Премиер лига какво што немало одамна

Арсенал со 0-2 го совлада Тотенхем на гости во големото лондонско дерби и се одлепи на огромни +8 пред Манчестер Сити на табелата. „Топџиите“ остварија голема победа над омразениот ривал кој не можеше да се помири со поразот на крај па еден навивач го клоцна голманот на Арсенал Рамсдејл кој ја доби наградата за играч не мечот откако бранеше совршено.

Како се служи наполитанско кафе после петардата над Јуве?

Кога во Италија се нарачува кафе, се мисли на еспресо, ама од викендов во Неапол најслатко и најпродавано кафе е капучиното.

Барса со свои деца како некогаш, му го зема скалпот на Реал Мадрид

Со маестрална игра фудбалерите на Барселона го совладаа најголемиот ривал 3:1 и не му оставија ни промил шанса на Реал Мадрид да стигне до трофејот. Ова е прв пехар за Каталонците после цели две години и прв голем трофеј за Чави како тренер.

Малери на колото во Србија кои ни со палка и пиштол не стигнаа до максимална добивка

Во српското село Љубиќ во Чачак, во кладилница влегуваат двајца маскирани разбојници, кои место кец у кец, им се случи кец у два. Успеаа да земат малку кеш, ама сигурно не колку што планирале, бидејќи вработената им се сипа и ги набрка за неколку секунди, а тој со црната јакна пиштол држи во десната рака. 

Мајсторски финиш на Миовски еден на еден со голман

По шест натпревари без гол, Бојан Миовски и годинава ја продолжува одличната деби сезона во Шкотска каде на конто има 12 гола на 23 средби. Македонскиот центарфор го отвори резултатот во првиот дел со одлична завршница, но во финалето на Лига Купот во Шкотска оди Глазгов Ренџерс, бидејќи го сврте резултат на 2:1.

Холандија пресилна за Македонија, со Аргентина ќе биде да се биде или не

Најдобрите македонски ракометари го претрпеа и вториот пораз на Светското првенство во Полска, откако вечерва многу посилни од нив беа ривалите од Холандија.

Најдрско забивање на сезоната во НБА

Џа Морант со право важи за најатрактивен кошаркар на денешницата во најдобрата светска лига. Суперѕвездата во триумфот на неговите Гризлис над Индијана Пејсерс 130-112, постигна 23 поени со 10 асистенции, а во третата четвртина изведе таканаречен „томахавк“ забивање за кое многумина коментираат дека е број 1 на сезоната.

Доминација на македонските навивачи во Краков

Нема ракометно првенство во јануари кое може да помине без верната македонска публика, која секогаш е во фокусот на камерите и фоторепортерите. „Таурон Арената“ крцаше со нив, а за атмосфера која ја прават пишуваше и организаторот Полска, кој ја нарече фантастична.

Комедии при поздравувањето на Спалети и Алегри

Масимилијано Алегри повеќе од очигледно дека многу тешко го прими поразот од Наполи од 5:1 и сакаше да го избегне ракувањето со Спалети. Ама овој приреди јака сцена која ја уловија камерите. Јуве прима 5 гола во Серија А после 30 години.

Навивач на Наполи му смисли јак прекар на Елмас

Елиф Елмас го запиша вториот гол во 2023-та и вкупно петти сезонава во Серија А, откако синоќа лесно го реши Филип Костиќ во дуел еден на еден и го заокружи дебаклот на Јуве од 5:1. Без разлика дали е стартер или замена, веќе стана препознатлив како играч кој секогаш го дава максимумот, а тоа го вели во изјавите и Спалети. Кај нас е познат како „македонски дијамант“, а кај нив од сега како „El Massimo“ или во превод „Максимумот“.

Елмас го измрда Филип Костиќ за петарда и дебакл на Јувентус

Јувентус ја завршува одличната серија од 8 победи по ред во Серија А и тоа на најлош можен начин, со пораз од 5:1 од големиот ривал Наполи на кој пред ова коло му се доближи на -7. Нов гол за Елиф Елмас кој после оној против Удинезе, лесно се ослободи од Костиќ и стигна до петтиот сезонски погодок.

Македонија со пораз го почна ракометниот Мундијал

Селекцијата на Норвешка како фаворит број 1 во нашата група и еден од главните фаворити за медал, му нанесе висок пораз на нашиот национален тим.

Егзибициско тениско шоу на Ѓоковиќ и Кирјос

Само еден ден откако на мангупски начин го имитираше Меси, Новак Ѓоковиќ одново се погрижи за забава, овој пат со тениско загревање пред Австралија опен на кое му се придружи Кирјос со кого ги средија односите на Вимблдон минатата година. Падна и оро.

Жестокиот судир на автопат меѓу хулигани на Рома и Наполи

Пред мечот Сампдорија - Наполи на кој Елиф Елмас постигна гол од пенал за 0-2, навивачи на Рома и Наполи, се судриле на познатиот автопат во Италија, А1 близу градот Арецо. Тифозите на Рома дента со комбиња и автобуси патувале за Милано за меч со Милан (2:2), а навивачите на Наполи оделе за Џенова каде нивниот тим играше против Сампдорија.

Голманот на Саудиска Арабија наседна на опасен лажњак од пенал

Падна и првата атракција на Светското во Шведска и Полска, благодарение на словенечниот ракометар, Алекс Влах. Словенија ја декласираше Саудиска Арабија со 33:19, а Влах успеа на газ да го седне голманот.

Лазаров: За квалитетна репрезентација ни требаат концепти како бивши Металург и сегашен Алкалоид

Во последната емисија „Македонски спортски легенди“ на легендарниот новинар и коментатор Зоран Михајлов, гостува селекторот на Македонија, Кире Лазаров, кој покрај за кариерата, објаснува и што е потребно за иднината на македонската репрезентација.

Додека други трчаат по големи ѕверки, Бенфика најде бисери во Норвешка

Португалските гиганти Бенфика, Порто и Спортинг може да држат трансфер клиника на која би предавале како „да фрлиш рипче а да фатиш крапче“.

Како Дибала со соло продор го распали Олимпико

Рома е нов патник во четвртфинале на италијанскиот Куп откако синоќа со 1-0 ја совлада Џенова. На полувреме беше 0-0, па веднаш на старт на вториот дел влезе Пауло Дибала од клупата за резерви и го реши мечот со гол во 64’ минута.

Врвна партија на Лука Дончиќ во Лос Анџелес, Далас ги урна Леброн и Лејкерс

Далас Маверикс после продолженија го доби ЛА Лејкерс 119-115 во најинтересниот меч на вечерта во НБА. Лука блескаше со нов трипл-дабл зачинет со 35 поени, 14 скокови и 13 асистенции. Дончиќ постигна клучна тројка со која Мавси изборија продолженија, а потоа даде нова тројка за второ продолжение.