Атмосфера која дефинитивно треба да се доживее

Феенорд е се поблизу до шампионската титула која во Ротердам се чека од 2017-та (претходно ја чекаа цели 18 години). Тимот предводен од сјајниот Арне Слот кој веќе има понуди од премиерлигаши, има 67 бода, дури 8 предност пред Ајакс и ПСВ Ајндховен кои имаат по 59. До крајот на холандската Ередивизија има уште 6 кола, а Феенорд го чекаат и тешки дуели со Рома во 1/4 финале на Лига Европа.

Со ваква публика можат секого да победат:

Феенорд има 1 пехар од европскиот Куп на куп победници, има 2 титули во Куп на УЕФА, 15 пати беше холандски шампион, 13 пати го освои Купот на Холандија, 4 пати Супер Купот и има трофеј од Интерконтиненталниот Куп.

11 април 2023 - 11:08