Offside

Аријан Адеми е нов играч на тимот на Ујпешт. Заминува од Динамо Загреб како легенда и најодликуван играч во историјата на клубот со 24 трофеи од кои 13 шампионски титули, како и рекордер со 110 европски настапи. Втор е на листата според вкупен број на средби со 430 настапи. Ќе работи со Дамир Крзнар, кој му беше тренер во Динамо. За него ова ќе биде втора меѓународна кариера, откако во 2023-та беше на 6 месечна авантура во Кина. 

Како е регулирана употребата на пиротехника во Норвешка и Данска?

Руската Дума (Госдума), долен дом на Федералното Собрание на Руска Федерација пред неколку дена и дефинитивно го изгласа предложениот закон за тн. навивачки ај-ди, идентификациска карта со која секој навивач ќе може да влезе на стадион. Навивачите бурно реагираат на репресија и наведуваат примери од Скандинавија и Германија.

Каков феномен, за 19 сезони во НБА стигнува до шеста тројка во кариерата

Само една недела откако Стефон Кари испиша нова историја во постигнување тројки во НБА лигата, на линијата за три застана „да пркоси“ Удонис Хаслем. Коментаторот вели дека не се ни сеќава последен пат пред колку години успеал да даде тројка.

Кое е новото дете на Арсенал кое Венгер го открил на 11 години и даде гол на дебито

Непресушниот извор на таленти кој го остави Арсен Венгер, даде уште еден нов бисер кој во скоро време би можел да биде права ѕвезда. Има само 18 години а веќе го споредуваат со Џеки Грилиш и Фил Фоден.

Во Индија ти да видиш како се завршува контра

Остајте ме сам ќе ја завршам. И ја заврши како никој до сега. Генијалец.

Оди види дали сум таму

Фудбалерите на Арсенал со 5:1 го елиминираа Сандерленд во Лига Купот, а најатрактивната игра еден на еден ја имаше Николас Пепе, кој го понижи противникот.

Детето на Арсенал даде чудесен гол

Еди Енкетија е роден во Лондон, почнал да тренира фудбал како мал во Челси но од 2015-та, доаѓа во школата на Арсенал каде ги помина сите младински категории. Дебитираше во 2017-та за прв тим против Бате Борисов во Лига на шампиони кога влезе од клупата. А синоќа во англискиот Лига Куп даде три гола во победата на Арсенал од 5-1 против Сандерленд.

Селски потег на фудбалер на Севиља за кој доби црвен

Со головите на Папу Гомез и Араухо, Севиља и Барса одигра 1:1, резултат кој најмногу му одговараше на есенскиот шампион Реал Мадрид. Головите паднаа во првиот дел, а домаќините половина час беа со играч помалку поради заслужениот црвен картон на Жил Кунде.

Ромарио и Роналдињо се мајстори и на стари години

Ромарио де Соуза Фариа, легендарниот бразилски фудбалер кој со 750 голови на официјални натпревари важи за еден од најдобрите голгетери на сите времиња, има 50 години. За Роналдињо (41) исто не треба да се кажува многу, се е веќе познато. Ама малку е познато дека двајцата играат на еден ревијален турнир во фудбал (сервис) на плажа. На еден меч Рони му асистира на 1,67 сантиметри високиот Ромарио кој ја забива топката со глава.

Навивачка итроштина за пиво во Копенхаген

Стадионските трибини секогаш имаат некој досетлив мајтапџија што ќе смисли нешто со што ќе ги насмее сите ама некого школски ќе зезне.

Најлошaта прогноза за Меси пред 13 години

Дечко, имаш ли ти некогаш добиено на спортска?

Се најде јунак да го имитира добро Пандев

Прво се истакна со микс на јавни личности кои ги смести во клип насловен како „фудбалски коментатори“ и денот ни го направи. Го следевме и го чекавме пак да извади нешто поврзано со спорт. Абе го има. Браво дечко.

Син на Јамајка тој, како ја зема на волеј

Натпреварот е школски во Јамајка, а извонредниот прием, движење на тело и волеј се на Рахим Браун. Детево не би требало да заврши со фудбал после школските денови.

ДеМаркус Казинс го запозна својот најголем навивач

Еден од поголемите тешкаши на центарска позиција во НБА, смени неколку франшизи низ кариерата. Играше за Сакраменто Кингс, Њу Орлеанс Пеликанс, Хјустон Рокетс, Голден Стејт Вориорс, ЛА Клиперс. Има 31 година а во НБА е од 2010-та. Во ноември годинава потпиша со актуелниот шампион Милвоки Бакс и таму го запозна човекот што просто го обожава. А не е дете, пазете.

Спортско барање за брак на сезоната

Главната чирлидерка (танчерка) од редовите на НБА тимот Јута Џез играше беспрекорно со своите колешки и колеги за време на една пауза од мечот со Шарлот Хорнетс, кога во еден момент песната сврте и започна “Marry You” од Бруно Марс. Лидерката се збуни и проба да ја извади ситуацијата.

Легендарниот Роналдо го купи клубот од детството Крузеиро за да го спаси од дното

Рони веќе неколку години е сопственик на шпанскиот клуб Ваљадолид, а сега сака да му помогне и на неговиот најсакан клуб кој го лансираше во ѕвездите уште од рана младост.

Браво за Столе, ги шие сите голмани во Шпанија сезонава

Покрај за Македонија, Димитриевски брани во топ форма и во клупска конкуренција, а тоа одлично се гледа и по резултатите на неговиот тим. Оваа сезона има примено помалку голови од Тер Штеген и Јан Облак, а Рајо е на фантастичната четврта позиција пред Атлетико и Барса.

Голманот што два пати ја погоди пајак-камерата

Во еден постар дуел од азиската Лига на шампиони меѓу Ал Џазира од Абу Даби и Ештеглал од Иран, голманот на Ал Џазира Али Хасеиф направи своевиден подвиг откако два пати додека ја чистеше топката од пред својот гол, ја опна камерата која снима од воздух. Од преку 50 метри два пати погоди 30-инчи камера. Најпрецизен голман на светот.

Барди ѝ даде гол на Валенсија, но Леванте никако да победи

По пауза од неполни два месеци, Енис Барди постигнува гол за Леванте, за жал недоволен ниту за бод во градското дерби.

Најголемата измама од слободен удар се случи во Германија, од скоро пола терен

Хановер не помина добро викендов и загуби дома од Вердер 1:4. Ако ништо друго, барем дадоа гол за кој сите зборуваат, а тоа е дело на Себастијан Керк.

Голот на Елмас, снимен од трибината на Наполитанците

Одбраната на Милан веројатно не очекуваше гол од Елмас со глава, нешто што не му е специјалност, па го потценија за време на корнерот. Го чува Сандро Тонали, а не некој од дефанзивците, а во празно скока и Ибра. Навивачите на Наполи се во делириум.

Несторовски се отвори со левицата на тренинг

По долгата пауза поради која не успеа да заигра ниту на Европското, Илија Несторовски почна да добива по некоја минута за Удинезе. Голгетерската форма се обидува да ја врати со напорни тренинзи, а на последниот даде 6 гола. Првиот и последниот мајсторски. Кифла и лоб удар.

Новото дете на Барса не знае да врзе врвки, ама дава голови за победи

По ерата на Меси, Барселона тргна практично од почеток да ги гради темелите. Новиот тренер Чави од коло во коло става млади фудбалери кои му враќаат со голови. Меѓу нив се Феран Џутлга Блан, Нико Гонзалес, Абде Езазлули, Алехандро Балде Мартинез и други.

Да видите каков човек го води светскиот ракомет

Хасан е претседател на ИХФ, пред неколку недели по петти па го избраа за прв човек на светската ракометна федерација која ја води 21 година! На прогласување на медалисти на женско Светско првенство направи голем гаф. Не ни знаел кои играат иако го гледал големото финале.

Епски снимки од едно дерби Галатасарај - Фенербахче

Најомразените ривали во турскиот спорт немаат одиграно едно меѓусебно дерби а на терен да не лета сè и сешто. Еднаш така Емре Белозоглу тргна да го изведе најневозможниот корнер во Турција.