
Фудбалската империја на Бразилецот Роналдо се шири - Луис Назарио Да Лима купил 90% од акциите на Крузеиро а вредноста на целата зделка изнесува 70 милиони долари (околу 400 милиони бразилски реали). Дел од тие средства ќе одат на гаснење на должничките пожари во клубот.
„Толку сум среќен што ја завршивме целата операција. Сакам да го вратам Крузеиро на неговото познато место. Но ни предстои многу тешка работа. Нема уште да славиме, но во клубот донесовме амбиции и грижа за да го направиме Крузеиро пак голем“, изјавил Роналдо откако официјално станал прв човек на клубот.
Em 1993, um dos maiores jogadores brasileiros de todos os tempos entrou em campo com a camisa azul celeste no peito, sendo revelado para o mundo do futebol. 💙
— Cruzeiro 🦊 (@Cruzeiro) December 18, 2021
Hoje, ele veste a camisa para abrir novamente as portas do mundo para o nosso clube! 🦊
#CruzeiroFenomenal pic.twitter.com/sblNrC92io
Бразилецот веќе го поседува шпанскиот клуб Ваљадолид чие купување го чинеше два пати поскапо од Крузеиро. Скромниот клуб испадна во Сегунда, но Роналдо одлично управува со клубот чија екипа сериозно се бори да се врати во Ла Лига.
🇧🇷 The moment Ronaldo (the original Ronaldo) brought the controlling stake in Cruzeiro, the side where he first broke through in 1993.
— FotMob (@FotMob) December 21, 2021
Already the owner of Real Valladolid who are currently fighting for promotion back to La Liga, he'l be looking for something similar in Brazil. https://t.co/PRR853MnwY
а Крузеиро Роналдо бил во трка со компанијата FSG која е сопственик на мнозинство акции во Ливерпул и бејзбол клубот Ред Сокс од САД. Неодамна овој гигант од Бостон го презел и хокеарскиот клуб Питсбург Пингвинс а планираат да направат сопствена фудбалска империја како Ред Бул и Манчестер Сити.
Крузеиро е еден од најпопуларните клубови во Бразил со милионска армија навивачи и за американската компанија бил одлична варијанта за старт во Јужна Америка.
Но на крај победник на трката станал Феноменот, дете на Крузеиро, клуб во кој Бразилецот ја започнал својата фудбалска кариера. Роналдо како млад поминал две години во Крузеиро и дал 44 гола на 47 меча, станал најдобар стрелец во Суперкпот Либертадорес, освоил Куп на Бразил и титула во првенството на државата Минас Жераис. После сите овие неверојатни бројки за 6 милиони евра заминал за ПСВ Ајндховен во Холандија.
КРУЗЕИРО Е ВО СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ: ДОЛГОВИТЕ ДОСТИГНАЛЕ МИЛИЈАРДА БРАЗИЛСКИ РЕАЛИ
Во 2019-та година Крузеиро првпат во својата славна историја испадна во бразилската Серија Б. Тогаш избиле проблеми со управувањето кои продолжиле подолго време. Клубот западнал во огромни долгови (повеќе од 150 милиони евра), фудбалерите не примале плата итн.
Крузеиро дури размислувал да прогласи банкрот. Пред почетокот на оваа сезона, ФИФА го казнила клубот 6 бода на стартот на првенството поради тоа што не платиле пари за трансферот на Денилсон во 2016-та година.
Поранешни играчи исто го дале клубот на суд поради неплатени обврски по разни основи. На пример на култниот шпиц Фред му должеле 70 милиони бразилски реали. Поради тоа Крузеиро добил бан, суспензија на трансфери до крајот на сезоната.
Во такви услови екипата завршила на 11. место во Серија Б и само благодарение на големата поддршка од навивачите останале во лигата. Но следната сезона 2020/2021 проблемите продолжиле: нова суспензија на трансфери поради проблеми со договорот на Џорџиан Де Араскаета. Во октомври годинава фудбалерите четири дена бојкотирале тренинзи поради неисплатени плати.
Во август годинава претседателот на Бразил Жаир Болсонаро потпишал закон кој им дозволува на фудбалските клубови да се прешалтаат од некомерцијални организации во бизнис. Така постапил и Крузеиро кој го продал контролниот пакет акции на својот најславен играч во историјата, Роналдо.
Екипата ја тренира легендарниот Валереј Лушембурго (поранешен тренер на Реал Мадрид од 2000-те). Со него тимот сезонава завршил 14-ти на табела во Серија Б, се спасил од ново тонење, а тоа значи дека Роналдо и неговиот тим сега ги чека многу голема работа за следната сезона.