
По неколку турбулентни резултати, Барселона во саботата со 3-2 после голем пресврт, едвај во финишот го совлада Елче на Камп Ноу.
Стрелци на сите три гола беа новите деца од клубот: Феран Блан, Гави и Нико Гонзалес. Барса како да се враќа полека кон своите корени.
А интересно, на прецизните шпански новинари не им избегал еден необичен детал.
Имено младиот Гави кој блесна во полн сјај и стана најмладиот шпански репрезентативец во историјата откако на 6 октомври годинава на 17 години заигра во полуфиналето на Лига на Нации против Италија кога Шпанците победија 1:2 на „Сан Сиро“, скоро секогаш на терен трча со одврзани врвки на копачките.
Откако неколку пати се повторило и новинарите забележале дека не се случило само еднаш-два пати, Марк Марба кој од близу ги следи сите случувања во Барселона објаснил: „Малиот игра со одврзани врвки зошто не знае да ги врзе убаво. Веќе се навикнал да игра така и не му е гајле“.
🧐 PER QUÈ GAVI JUGA AMB LES BOTES DESCORDADES?
— LaTdT (@LaTdT) December 18, 2021
Ho explica @marcmarba: “Des de ben petit juga amb les botes descordades perquè no se les sap cordar bé. Ja s’ha acostumat a jugar així i no li preocupa." pic.twitter.com/VoSTEMldQA
Кој е Гави, детето што заигра за Шпанија и ја импресионираше Европа?