Детето на Арсенал даде чудесен гол

Еди Енкетија е роден во Лондон, почнал да тренира фудбал како мал во Челси но од 2015-та, доаѓа во школата на Арсенал каде ги помина сите младински категории. Дебитираше во 2017-та за прв тим против Бате Борисов во Лига на шампиони кога влезе од клупата. А синоќа во англискиот Лига Куп даде три гола во победата на Арсенал од 5-1 против Сандерленд.

Интересно, петтиот гол за „топџиите“ го даде Чарли Патино, 18-годишен фудбалер (генерација 2003). Негов дебитантски гол за Арсенал. Игра во среден ред.

22 декември 2021 - 08:47