Барди ѝ даде гол на Валенсија, но Леванте никако да победи

По пауза од неполни два месеци, Енис Барди постигнува гол за Леванте, за жал недоволен ниту за бод во градското дерби.

Леванте и Валенсија го заокружија 18. коло од Ла Лига со голеада, а трите бода ги собраа гостите со резултат 3:4.

Барди не беше стартер на овој дуел и влезе во игра во 77-ма минута, а во судиското продолжение го постигна последниот гол на средбата.

И покрај тоа што имаа предност од 2:0 со надеж дека конечно ќе победат, сепак фудбалерите на Леванте примија четири гола по ред.

За македонскиот репрезентативец ова е трет гол сезонава во шпанското првенство. Првите два ги постигна против Атлетико Мадрид.

Леванте и понатаму продолжува да тоне, забетониран последен со 8 бода на табелата. Има катастрофален скор од 8 нерешени и 10 порази.

21 декември 2021 - 07:50