По паузата поради повреда која ја заработи на мечот Македонија - Романија, Енис Барди се врати во голем стил, откако со два гола го спаси својот тим од пораз против Атлетико Мадрид.
И во двата наврати, македонскиот репрезентативец го совлада Облак од идентична позиција, односно од 11 метри, прво во 37-ма минута за 1:1, а потоа и во 90-та за конечни Леванте - Атлетико 2:2.
За Атлетико головите ги дадоа Антоан Гриезман и Матеус Куња, а Диего Симеоне во финишот доби црвен картон поради приговор.
Двата гола на Барди, инаку први за него оваа сезона во Шпанија.