Хасан Мустафа има 77 години, Египќанец е од Каиро. Студирал физичка едукација и спорт во германски Лајпциг. Цел живот е во ракометот. Петнаесет години играл за Ал Ахли од Египет и за репрезентацијата на оваа земја. После влегува во администрација и од 2000-та е претседател на Светската ракометна федерација. 21 година е прв човек на ИХФ а пред 1 месец повторно го избраа.
Хасан Мустафа со години го обвинуваат за местење избори, местење натпревари, мито и чиста корупција. Но и покрај тоа, тој е сигурен и топ не го бие.
Синоќа направи гламурозен гаф на доделување медали за светски шампион.
Ракометарките на Норвешка станаа светски шампионки откако во големото финале после голем пресврт ја совладаа Франција 29:22 (12:16) пред 4.316 гледачи во шпанскиот град Гранољерс.
Французинките и Норвежанките беа реално најсилни селекции на Светското првенство, а до сребро стигна Данска откако го совлада домаќинот Шпанија во дуел за 3. место 35:28.
На прогласувањето на шампионките, вицешампионките и бронзените медалистки, претседателот на ИХФ Хасан Мустафа се посрамоти во говорот и ги помеша Франција и Данска на второ место.
Иако бил присутен и на двата меча и за бронза и за светско злато, тој рекол: „Норвешка е светски шампион, а Данска второ место, а Франција трето место. Честитки за тимовите и многу среќа на сите тимови на следното Светско првенство.
Втора Данска?, запрашал Мустафа откако некој му сугерирал да се поправи, ама си продолжи по свое ко ништо да не било.