Каков феномен, за 19 сезони во НБА стигнува до шеста тројка во кариерата

Само една недела откако Стефон Кари испиша нова историја во постигнување тројки во НБА лигата, на линијата за три застана „да пркоси“ Удонис Хаслем. Коментаторот вели дека не се ни сеќава последен пат пред колку години успеал да даде тројка.

Кошаркарите на Мајами Хит ја декласираа Индија Пејсерс со 29 поени разлика (125:96), а паралелно успеаа да го повторат клупскиот рекорд од 22 постигнати тројки на еден натпревар.

Една од нив е посебна, бидејќи е дело на Удонис Хаслем најстариот играч во НБА лигата. Има 41 година, а во НБА е од 2003-та, исто како и Леброн Џејмс.

Хаслем зад себе има 865 натпревари, 21.595 одиграни минути и 6.536 поени, а синоќешната тројка против Идијана му беше вкупно шеста во 19-та сезона.

Додуше и не се опуштиl премногу во шутирање тројки. Има вкупно 60 обиди во цела кариера, а не игра нешто многу. Во последниве четири сезони има 21 настап. Ова му беше прв сезонава, а лани одигра четири.

Велат повеќе е како помошник тренер во Мајами, градот во кој е роден и клубот кој не го менува уште почеток. Три титули освои (2006, 2012, 2013)

На НБА драфтот 2002-ра не влегов, главно поради тоа што не бил доволно висок (198см), за потоа да оди на тренинг камп со Атланта.

Следната година потпишува за Мајами и еве го уште не се дава. Во три различни декади се обидел да и даде на тројка на Индијана и успеал дури од трета мајка.

Новиот крал за тројки во НБА се вика Стефон Кари

22 декември 2021 - 10:43