Offside

Триесет и седум годишниот германски возач во Формула 1, Нико Хилкенберг минатата недела кочено заврши на едно од првите три места. На трката за Големата награда на Велика Британија тој стартуваше како претпоследен, позиција која што ја „стекна“ во квалификациите. Но на крај заврши на високото трето место зад двоецот на Мекларен Ландо Норис и Оскар Пијастри, а зад себе ги остави Луис Хамилтон, Макс Ферстапен, Пјер Гасли и други.

Прослава на вечерта со Џо Харт и Жота од Селтик

Селтик игра во сјајна форма, реди победи во серија и уште е прв со само 1 бод пред Ренџерс. Келтите синоќа на гости славеа против Абердин 2:3 а два гола даде Португалецот Жота кој беше играч на мечот. Јака прослава имаа со голманот Џо Харт.

Историска ноќ за Дончиќ кој постигна рекордни 51 поен во кариерата

Горан Драгиќ (40), Никола Вучевиќ (41), Предраг Стојаковиќ (42), Дражан Петровиќ (44), Бојан Богдановиќ (44), Никола Јокиќ (50), Лука Дончиќ 51 поен. Тоа е тоа.

Видовме автограм на микробранова, а сега на прасе

Првото необично барање за автограм го доби боксерот Крис Еубанк јуниор, а второво фудбалерот на Барселона Рики Пуиг. Што нема да им текне.

Од сега за вас двајца голот ќе биде 10 на 3

Трема ли ги фаќа што вака несмасно реагираат или не доручкуваат доволно? Прво го имавме Де Лихт, а сега еден Бразилец и Заха од Кристал Палас со веројатно најлошиот пенал сезонава во Премиер лига и пошироко.

Втор меч за Јуве, ново шоу на Влаховиќ

Српскиот центарфор веднаш и демонстрира на Старата дама каква гол машина е и зошто вреди 75 милиони евра. Деби во Серија А со голчиште, деби во Куп со голчиште.

Циговски: Ристевски да одговори зошто речиси цела година зема полна плата, а го нема на работа

„Сега станува многу појасно зошто толку тажно изгледа учеството на само тројца олимпијци од Македонија на зимските олимписки игри во Пекинг“.

Јунајтед има ново дете

Алехандро Гарначо има 17 години, роден е во Мадрид. Игра лево крило за младинците на Манчестер Јунајтед и за Шпанија У-18. Сезонава има 7 гола и 4 асистенции на 21 натпревар за младинците. На мечот против Евертон У-18 постигна прекрасен гол после соло продор а навивачите ги освои и со прославата.

Кретенот од Вест Хем што рогаше мачка, веќе сноси сериозни последици, на удар е на цела јавност

Курт Зума, некогашниот стопер на Челси а сега во Вест Хем е казнет од клубот со 250.000 фунти поради видеото кое го снимал брат му дома а кое што ја шокираше цела интернет заедница.

Два спектакуларни евроголови во Австралија

На мечот меѓу Централ Кост Маринерс и Макартур во австралиската А-Лига навивачите можеа да видат 6 гола (3:3) од кои 1 автогол, два од пенал и два ненормални голови.

Ана Цветановска заврши 95-та на 10 километри

Македонската претставничка дебитираше во Пекинг во крос кантри трката на 10 километри, а на крајот зад себе остави само три натпреварувачки со послабо време.

Ја избркаа од фудбалски тим, реши да се појави на сајтот за возрасни Онли Фанс

Фудбалскиот па(д)т на Медлин Рајт, некогашната фудбалерка, десен бек на женскиот тим на англиски Чарлтон.

Така ти е, кога играш со иле на Олимпијада

Фан Кесин од Кина е скарана со фер плејот, бидејќи на трка во лизгање направи неспортски потег кој и се удри од глава. На снимката се гледа како на противничка од Канада ѝ фрла предмет под нозе. Од него се сопнува и Канаѓанката, ама и самата Кесин.

Леброн си седна меѓу публиката на сред меч

Кошаркарите на ЛА Лејкерс продолжија со бледите партии, па синоќа изгубија 107:105 и од ослабениот Портланд кој играше без неколку играчи меѓу кои и Лилард. Леброн Џејмс единствена светла точка кај езерџиите со 30 поени. Во еден момент незгодно го поткачија во еден дуел, па искористи да седне меѓу навивачите во први редови.

Кош и автокош во Еврокуп во рок од 20 секунди

Никос Рокавопулус ти е one man show во кошарката. Царот прво даде кош за својот тим Промитеас, а потоа и за Бурсаспор и тоа уште во следниот напад.

Кошмарни денови за руската хероина на мраз, не ѝ даваат златен медал поради наводен допинг

Главна и ударна вест од Пекинг е дека најголемиот хит на Зимските Олимписки Игри, европската шампионка во 2022, 15-годишната Камила Валиева имала проблем со канцеларијата за анти-допинг тест. Меѓународниот олимписки комитет (МОК) веќе два дена не се огласува и не одговара зошто на Валиева не ѝ е доделен златен медал.

Леао со долга магарица го изнасмеа цел стадион Сан Сиро

Милан убедливо со 4-0 го декласираше Лацио во првиот меч од четвртфиналето на италијанската Копа и практично скоро да обезбеди пласман во полуфиналето.

Какво недозволено средство користело девојчето што и пркосеше на гравитацијата?

Најголемата сензација на Зимските олимписки игри во Пекинг, спектакуларната руска лизгачка Камила Валиева падна на допинг тест на 15 годишна возраст.

Штом Виера ќе те гушне, значи стварно е еврогол

Убава спортска среда со голчишта, меѓу кои за издвојување е оној на Вилфред Заха со мајсторија ала Килијан Мбапе за Норич - Кристал Палас конечни 1:1.

Дојди да ти направам тунел пред да го матирам Столе

Бетис го совлада Рајо Ваљекано на гости со 1:2 во првата полуфинална пресметка од Купот на Шпанија со што направи одличен резултат пред реваншот. Мечот го реши Португалецот Вилијам Карваљо кој пред да го совлада Димитриевски, си поигра со чуварот како со мало дете.

Костариканска велемајсторија за сите пари

Плус кога ќе ти го зачини јужноамерикански коментатор, клипот има посебен драж. 

Македонска лакрдија среде Зимски Олимписки игри

Во Скијачката федерација на Македонија им фали еден човек на работа. Десет дена го нема и го бараат да каже зошто е отсутен, а тој е службено во Пекинг. Само кај нас ги има овие генијалности.

Ја видовте ли новата технологија на ФИФА за офсајд на Светско првенство?

ФИФА се спрема за Мундијалот во Катар во ноември годинава. За таа цел, како дел од подготовките е и имплементација на полуавтоматски офсајд - односно систем од поставени камери под покривот на стадионите кои автоматски цртаат линии, па судиите не мораат да трошат време во прекини, долги разговори со ВАР соба и прегледување снимки.

Без раце ти ја бранам, ама глеј да не ме убиеш

Бразил загуби од Аргентина во футсал полуфиналето од Копа Америка на пенали. Налет и футсал и сè, кога му се стемни на бразилскиот голман.

Мане во болница запознал повредено дете во животна опасност за кое веднаш платил операција

Садио Мане и неговиот Сенегал апсолутно заслужено стигнаа до пехарот на Купот на Африкански нации. Играа одлично, отворено, напаѓачки на гол повеќе и на крајот им се насмевна и среќата: на пенали во финале го урнаа најтрофејниот Египет. Но една приказна поврзана со јунакот на Сенегал се шири по светот.