Откако го облече дресот на Јувентус, најскапото засилување во овој јануарски преоден рок, веднаш блесна со два убави голови во рок од пет дена.
За само 13 минути игра со лоб удар го матираше голманот на Верона, а синоќа во финишот од мечот против Сасуоло погоди за 2:1 и го однесе Јувентус во полуфиналето од Купот на Италија.
Влаховиќ со соло продор прво го изеде едниот чувар, а вториот му помогна топката да влезе во гол.
За одбележување е и ова смешно промашување на Де Лихт на празен гол.
Интересно, Душан Влаховиќ во полуфинале ќе игра против Фиорентина која туку што ја напушти, а другото полуфинале е миланското дерби.